Соларна топла вода

Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.

Соларен системСоларниот систем ја користи бесплатната топлината од сонцето за затоплување на водата во вашиот дом. Конвенционалниот бојлер може да остане во употреба за да ја затопли водата уште повеќе по потреба, или да обезбеди топла вода кога соларната енергија не е достапна.

Придобивките од користењето на соларната енергија.

  • Топла вода во текот на целата година: Системот работи во текот на целата година, но во зависност од сончевите денови, постои можност водата да треба да се догрее во конвенционалниот бојлер во текот на зимскиот период.
  • Намалување на вашите сметки:  Сончевата енергија е бесплатна, затоа кога еднаш ќе платите за соларниот систем цените за топла вода ќе се намалат.
  • Намалена емисија на CO2:  Топла вода добиена по природен пат, односно преку обновлив систем за греење, го намалува испуштање на CO2.  

Како работи соларниот систем за греење на вода ?

Соларниот систем за греење на вода користи соларни панели-колектори, фиксирани на вашиот кров. Колекторите апсорбираат топлина од сонцето и ја користат за да ја загреат водата, која пак е сместена во резерварот од соларниот бојлер. Конвенционалниот бојлер се користи само во случај ако имате желба водата да биде потопла, односно да ја добиете посакуваната температура.

Има два вида на соларни колектори:

  • Колектор со цевки-вакуумски
  • Рамен колектор-flat plate

Постои можност и за поголеми колектори за да се подобри греењето во вашиот дом, но резултатот од ваквото греење е многу мал, така да не се смета за многу исплатливо.

Трошоци и заштеда

Трошоците за инсталирање, заедно со колекторот варираат и не може да се каже колку точно изнесуваат, а заштедата е топла вода во текот на целото лето, но многу помалку во текот на зимскиот период.

Одржување

Одржувањето е многу ефтино. Повеќето соларни системи доаѓаат со 5-10 годишна гаранција а со тоа и трошоците се мали. Ке треба да ги проверувате вашите панели секоја година или инсталатерот да ги прегледува на секои 3-5 години.

Заштеда

Соларните системи за греење на вода заштедуваат на вашите сметки за струја. Засновано на последните резултати од нашето истражување на теренот, просечен колектор добро инсталиран, односно правилно поставен, и со правилно користење може да допринесе до значителна заштеда во домашниот буџет,  која ке ја приметите веднаш на вашата сметка за струја, се разбира резултатот варира од корисник до корисник. Исто така го намалувате исфрлувањето на C02 за 510кг C02 ако претходно сте користеле елекрична енергија.

Дали соларен систем за греење на вода е за вашиот дом?

Прво и главно прашање кога се одлучувате за тоа дали еден ваков систем е за вашиот дом е: Дали имате сончево место да се стават соларните панели?

Потребни ви се околу 5м2 простор  на вашиот кров кој ќе се простира од исток на запад на јужна страна, со што ќе биде изложен директно на сонце во текот на целиот ден.

Панелите не мора да се монтираат на кровот, може да се фиксираат на рамка на прав кров или да висат на ѕидот.

Comments

  1. Kako da se podobri pritisokot na toplata voda sto doaga od sonceviot kolektor

    • Почитувани,

      За појачување на притисокот на водата во соларниот систем, потрбна ви е пумпа за појачување на притисок.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*