На сите ни е општо познато дека цената на електричната енергија е висока. Но таа во иднина нема да се намали, туку константно само ќе се зголемува. Имајќи го тоа во предвид потребно е во иднина да размислуваме како едно домаќинство, да е енергетски по независно односно да ја намали потрошувачката на енергија.
Соларни системи овозможуваат квалитетно и сигурно искористување на еден од најголемите и бесплатни извори на енергија – Сонцето.
Главната компонента на соларниот систем е секако сончевиот колектор. Сончевиот колектор ја апсорбира енергијата од Сонцето,односно од сончевите зраци, со чија помош ја загреваат водата која може да се користи како санитарна топла вода или за догревање на водата за централно греење,како и за загревање на базени.
Голем дел од потрошената електична енергија опаѓа на делот во загревање на санитарна топла вода без разлика дали таа се користи во системините за греење или се употребува за домашни потреби.
Со користење на соларните системи едно просечно домаќинство на годишно ниво заштедува околу 10.000 денари, со сегашната цена на електричната енергија. Во оваа пресметка не е пресметано доколку соларниот систем би се користел и во системите за греење, со тоа заштедата би се зголемила уште повеќе. Во зависност од цената на целокупната ивестиција, повраток на средствата е во период од 7-5 години.
Со сегашниот тренд на поскапување на ел. енергија инфестицијата би се повратила во уште пократок период.
Како работи сончевиот колектор?
Пред извесен период на наша адреса пристигна прашање дали водата циркулира во колекторот па потоа се враќа во бојлерот каде топлата вода се складира?
Соларниот систем не работи на начин. Туку низ колекторот и соларниот круг, циркулира флуид, кој всушност е еколошки антифриз- гликол ,со што се овозможува системот да биде издржлив и на ниски температури во зима. За подрачја каде нема можности од замрзнување, може дасе користи и вода како медиум.
Така загреаниот медиум, се носи во соларниот резервоар (бојлер), каде медиумот ја предава топлината на водата во бојлерот и на таков начин ја загрева. Така загреаната вода, потоа се користи за санитарни потреби или за загревање на просторот.
Доколку во предвид се земе фактот дека употребата на соларните системи, односно животниот век е околу 25 години нема потреба од некоја голема математика да ја согледате заштедата која ќе ја добиете доколку вградите соларен систем во вашиот дом.
Ако имате некакви прашања поврзани со соларните системи, нашиот стручен тим со задоволство ќе ви помогне.
Leave a Reply