Соларни системи – заштеда и начин на фунционирање

Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.

Соларни системи - заштеди

На сите ни е општо познато дека цената на електричната енергија е висока. Но таа во иднина нема да се намали, туку константно само ќе се зголемува. Имајќи го тоа во предвид потребно е во иднина да  размислуваме како едно домаќинство, да е енергетски по независно односно да ја намали потрошувачката на енергија.

Соларни системи овозможуваат квалитетно и сигурно искористување на еден од најголемите и бесплатни извори на енергија – Сонцето.

Главната компонента на соларниот систем е секако сончевиот колектор. Сончевиот колектор ја апсорбира енергијата од Сонцето,односно од сончевите зраци, со чија помош ја загреваат водата која може да се користи како санитарна топла вода или за догревање на водата за централно греење,како и за загревање на базени.

Голем дел од потрошената електична енергија опаѓа на делот во загревање на санитарна топла вода без разлика дали таа се користи во системините за греење или се употребува за домашни потреби.

Со користење на соларните системи едно просечно домаќинство на годишно ниво заштедува околу 10.000 денари, со сегашната цена на електричната енергија. Во оваа пресметка не е пресметано доколку соларниот систем би се користел и во системите за греење, со тоа заштедата би се зголемила уште повеќе. Во зависност од цената на целокупната ивестиција, повраток на средствата е во период од 7-5 години.

Со сегашниот тренд на поскапување на ел. енергија инфестицијата би се повратила во уште пократок период.

Како работи сончевиот колектор?

Пред извесен период на наша адреса пристигна прашање дали водата циркулира во колекторот па потоа се враќа во бојлерот каде топлата вода се складира?

Соларниот систем не работи на начин. Туку низ колекторот и соларниот круг,  циркулира флуид, кој всушност е еколошки антифриз- гликол ,со што се овозможува системот да биде издржлив и на ниски температури во зима. За подрачја каде нема можности од замрзнување, може дасе користи и вода како медиум.

Така загреаниот медиум, се носи во соларниот резервоар (бојлер), каде медиумот ја предава топлината на водата во бојлерот и на таков начин ја загрева. Така загреаната вода, потоа се користи за санитарни потреби или за загревање на просторот.

Доколку во предвид се земе фактот дека употребата на соларните системи, односно животниот век е околу 25 години нема потреба од некоја голема математика да ја согледате заштедата која ќе ја добиете доколку вградите соларен систем во вашиот дом.

Ако имате некакви прашања поврзани со соларните системи, нашиот стручен тим со задоволство ќе ви помогне.

Comments

  1. Илија Јанковски says:

    Почитувани,

    имаме инсталирано парно на подно греење, парното е со централка на огревно дрво. Сакаме да инсталираме соларен систем со вакум цевки за подпомагање на парното греење во зимниот период. Како можеме да го поврзиме системот на соларно греење со вакум цевки со антифриз за трансмисија на греењето, со диференцијален термостат и циркулациона пумпа? Како да го извршиме поврзувањето така да соларните панели х 3 броја од по 20 вакум цевки да ги инсталираме така што да можеме да ги користиме за загревање на санитарна вода а воедно системот од 3 панели од вакумски соиларни цевки да ги користиме и за потпомагање на веќе инсталираното парно – централка за подно греење. Дали тоа можеме да го направиме со комбиниран бојлер со два изменувачи и тоа за соларно загревање на санитарна вода и за потпомагање на парното греење на основ подно греење.

    Ви благодариме.

    Поздрав, Илија
    контакт: 075888657 и 070 677760

    • Почитувани,

      Постои можност за поврзување на целокупниот систем, во тој случај ќе ви биде потребен бојлер со 2 изменувачи. Ние напишавме едне пост за греење со помош на соларните системи и доколку го погледнете би имале многу појасна слика како сето тоа би изгледало http://www.termosistem.com.mk/greenje-so-pomosh-na-solarni-sistemi-vistina-ili-seushte-fantazija/.

      Доколку имате уште некое прашање отворени сме за соработка.

      Позрав

Остави коментар

*