Стиропор за подно греење, вистинска инвестиција за вашиот дом

Грејната сезона веќе одамна е започната и кај повеќето од луѓето веќе грејните системи работат во полна пареа. Но сепак некои луѓе уште во стартот не се задоволни од грејниот систем кој го поседуваат во својот дом и размислуваат за поставување на друг. На нашата адреса секојдневно пристигнуваат прашања од тој тип. Но едно ппрашање посебно го привлече моето внимание, а тоа гласеше “ако се одлучам за подно греење и ако се одлучам да ставам од стиропорот за подно греење кои се придобивките од тоа”. Ние заподното греење имаме пишувано многу во нашите претходни постови каде што имаме напоменато дека тоа е за 20%-30% поекономично од радијаторското, а плус со него добивате комфорнитет кој со радијаторските не можете да го постигнете. За стиропорот за подно греење исто така пишувавме пред извесен период но сега нашето внимание ќе го насочиме потемелно на него.

Стиропор всушност е тврда пена од експандиран полистирен. Тој е топлинско изолациски материјал со извонредно ниска топлинска проводливост, кој има голема густина и голема отпорност на притисок, свиткување и затегање. Тој е хемиски неутрален и без мирис. За време на неговото производство не се употребуваат гасови штетни за озонската обвивка и за околината. Можно е стиропорот да се рециклира. Отпорен е на вода и има мал степен на впивливост. Од аспект на запаливост, тој е самогасив материјал кој гори само во допир со отворен оган и не создава запаливи капки. Може да издржи температури до 75 степени , а краткотрајно дури и до 90 степени целзиусови. Значи од ова можеме да заклучиме дека стиропорот е многу добар изолатор, кој доколку се постави во делот на подот не дозволува топлината да проаѓа во плочата и да оди во делот од домот за каде не е наменета, туку максимално ја носочува кон просторијата.

Giacomini стиропорот за подно греење е изработен од експандиран полистирен, на долната страна е рамен, а на страните се наоѓаат издигнати делови кои служат како држачи за цревото за подно греење. Рабовите на плочите се обликувани така, да овозможуваат меѓусебно спојување. Заради заштита од влага горната површина е обложена со поли – етиленска фолија. Во постапката на изработка плочите се еластифицирани, односно целата структура на стиропорот е механички одстранета. Затоа плочите нудат добра изолација при ударен звук. Инаку плочите стиропор се користат како подлога за вградување на цевки во систем на подно греење, а во исто време служат како термо и звучна изолација на подот.

 

Comments

  1. Zdravo,
    dali moze da mi pustite lista na prodavaci na stirotermal stiropor?

    Blagodaram odnapred!
    Nebojsha

Остави коментар

*