Сигурно секој од нас барем еднаш се запрашал и сериозно се загрижил за проблемот за глобалното затоплување кој станува од година за година се посериозен. Тоа ни наметнува “обврска“ да размислуваме рационално и совесно и да почнеме да ги користиме обновливите извори на енергија. Доколку навистина размислуваме за долгорочен успех, за иднината на нашите деца и нашата земја, топлинските пумпи се навистина погоден извор за греење и ладење.
Соочени со ефектите на климатските промени кои на глобално ниво се повеќе загрижуваат, како што се повисоки температури, поголеми количества на врнежи и временски катастрофи, поставени сме пред избор на соодветен уред кој ги задоволува нашите потреби за ладење и греење.
Топлинската пумпа е уред со чија помош топлотната енергија од една средина се префрла во друга. За тој пренос се троши помалку енергија и добиваме ефикасно ладење и греење. Така, за потрошен 1 KW електрична енергија за извлекување на топлината од обновлив извор, се добива 3-5 KW енергија за греење, значи коефициентот на учинок е 3-5.
Топлинската пумпа ја претвара акумулираната енергија од воздухот, сонцето или водата, во топлинска енергија, со тоа што спаѓа во најбезбедниот начин на греење. За разлика од останатите извори за греење, со топлинските пумпи ослободени сме од непријатен мирис, чад и нечистотија. Топлинската пумпа е најсигурниот начин на иновативно греење, која постои повеќе од 30 години. Користењето на оваа пумпа е едно од решенијата со кое би се замениле течните горива со домашните извори на енергија. Топлинската пумпа е уред кој топлинската енергија од ниски температурни нивоа (вода, воздух и сл.), ја претвара на високо температурно ниво, со помош на додатна енергија( електрична енергија или гас) со удел од 1/3-1/5 од добиената топлотна енергија.
Топлинските пумпи се ефикасен уред каде има комбинација од заштеда на трошоци и еколошко производство на енергија. Целта на овој систем на греење е да ја користи само електричната енергија за придвижување и за пумпата. Во изборот на топлинските пумпи, постојат повеќе фактори кои придонесуваат да се дефинира јачината која би била потребна. Во предвид се зема системот на грејна инсталација, видот на изолација, просторот за кој тој уред е потребен и сл.
Типови на топлински пумпи во зависнот од кој обновлив изор ја црпи енергијата, овој уред може да:
Користи Земја како извор……висока ефикасност, со помош на подземни колектори или сонди.
Користи Вода како извор…….со висока ефикасност, доколку се води сметка за квалитетот на водата.
Користи Воздух како извор….со овој извор кој е секогаш на располагање, инвестиционите трошоци се најмали.
Во текот на целата година, со овој начин на греење/ладење се штеди до 75% од средствата, во споредба со класичните уреди. Со правилен избор на системот, по советување за проектирање и монтажа, инвестицијата се исплаќа веќе по некоја година.
Zafir says
Dali moze da se instalira ovoj model na toplinska pumpa {taa od 6kw}, na postaveno podno greenje na povrsina od 130 m2. i dali moze da se koristi i opcijata ladenje, se razbira vo podnoto greenje.