
Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.
За да се постигне нaјдобра ефикасност на системот, потребно е топлинските загуби да се сведат на минимум. Бројните испитувања на топлинските системи со сончева поддршка, покажале дека не се посветува доволно внимание на овој проблем. За да се избегнат топлинските загуби потребно е вниманието да се фокусира на избегнувањето на непотребните површини низ кои се јавуваат топлинските загуби, а кај неопходните површини да се минимизираат топлинските загуби со примена на подебели изолации.
Топлински загуби од резервоарите за акумулација на топлина
Бројните испитувања на топлинските системи со сончева подршка, покажале висок удел на топлински загуби од резервоарите во однос на вкупните топлински потреби ( во некои случаеви загубите достигнуваат и до 30%). Исто така , испитувањата покажале дека постои голема разлика помеѓу теоретските и реалните топлниски загуби. Кај теоретските и мерените резултати , степенот на сончево искористување покажува големо влијание врз топлинските загуби. Теоретските пресметки за резервоари со димензии помеѓу 3.5 и 11.5 м3 , дале изолациони дебелини помеѓу 10 и 15 см како енергетски и економски оптимум. Ако се земат во предвид практичните корективни фактори, се добива оптимална изолациона дебелина помеѓу 20 и 25 см за истиот пример. Овие разлики можат да се објаснат со фактот дека димензионирањето и квалитетот на изолацијата, како и цевните врски на топлинските резервоари обично не се оптимални:
- Во пракса, квалитетот на топлинската изолација е далеку од економски и енергетски очекуваниот. Обично, се формираат т.н. воздучни џебови помеѓу горниот дел на резервоарот и изолациониот слој. Ваквата состојба води до ефект на ‘’оџак’’ со што се забрзува празнењето на топлинскиот акумулатор.
- Термалната изолација се пробива на многу места кај цевните поврзувања. Неправилното димензионирање и поставување на овие отвори низ изолационите слоеви го потенцира ефектот на оџак. Треба да се запомне дека зголемената дебелина на топлинската изолација ги намалува топлинските загуби, меѓутоа треба и да се посвети внимание и на димензионирањето и поставувањето на отворите низ изолациониот слој за да се намалат топлинските загуби.
Топлински загуби од цевната мрежа
Голем потенцијал за намалување на топлинските загуби има и кај целокупната цевна мрежа за топлинско снабдување. Приоритетно е да се избегнуваат цевководи кои се подложни на топлински загуби, а предвидените мораат квалитетно да се изолираат. Во следнава табела може да се види препорачаната дебелина на изолацијата на цевките кога се поставени во внатрешноста на објектот или кога се поставени од надвор.
Минимална дебелина на изолација | ||
---|---|---|
Дијаметар на цевката [mm] | Надвор [mm] | Внатре [mm] |
15 | 30 | 20 |
20 | 40 | 30 |
25 | 40 | 30 |
32 | 40 | 40 |
40 | 50 | 40 |
50 | 60 | 50 |
Според искуството, препорачаната дебелина на изолација многу ретко се применува во праксата, а тоа води до непотребно високи топлински загуби од цевките. Во случај кога колекторите се поставуваат на рамен кров, хидрауличните врски се водат од надвор. Бидејќи тука постои голема температурна разлика, цевките кои се поставени надвор треба подобро да се изолираат. Исто така топлинската изолација на надворешните цевки е изложена на различни временски услови и теба да биде отпорна на температури до 180° С, особено кога се користи за сончеви толински системи.
Во пракса цевните школки направени од гума се докажале како добри. Бидејќи овие производи не се отпорни на ултравиолетови зраци или оштетување од животни треба соодветно да бидат заштитени. Во пракса најчесто се прави со обичен светло полиран лим. Иако изолациониот материјал е термоотпорен, тој не водоотпорен и во допир со влажна околина тој ја губи својата изолациона моќ. Од друга странa пак во објектите може да се користи термоотпорна камена или минерална волна. Од овој аспект многу е битно да се запазат дебелините на изолациите. Кај современите системи за топлинско снабдување треба да бидат изолирани по стандарди на пр. ( да се изолираат пумпи, мешачки вентили, топчести вентили, итн.)
Leave a Reply