Уште неколку карактеристики и прашања поврзани со подното греење

Podno greenjeКако што и напоменавме во претходниот пост каде говоревме за прашањата поврзани со подното греење, денес продолжуваме со разгледување на уште некои прашања и размислувања околу ефикасноста и инвестирањето во подно греење.
Максималната температура на подното греење според пропишаните правила и норми е ограничена на 29°C, температура која е пропишана заради здравствени причини.
Како една голема предност на подното греење е и слободниот простор кој го дозволува овој тип на греење, ни дава слобода за движење, уредување. Од поставеното подно греење никој не може да се удри, никому тоа не му смета, ниту естетски, ниту физички.
Какви се трошоци за подно греење?
Трошоците на инвеститорите во системот за подно греење не се поголеми од оние кои би требале за поставување на радијатори како грејни тела. За тоа сведочат многуте направени споредби во пракса. Единствената разслика е во тоа што  инсталатерот треба да се снадби со целиот составен дел на материјали за подно греење во кои спаѓаат стиропорот, цревото за подно греење, адитив за подно, прекривка и сите оние дополнителни фитинзи кои се потребни. Ниските погонски трошоци се постигнуваат и со пониските температури на системот. Со оглед на тоа дека подот претставува еден вид на “голем радијатор”, доволни се пониски температури за да почуствуваме удобност и комфор, за разлика од малите грејни тела. Температурата во просторијата може да се постави 2 степени пониско и со тоа се заштедува 12% енергија и пари. Со можноста да се користат топлински пумпи, во летните денови подното греење може да се користи и за разладување на просторот. Сето ова обезбедува удобност во текот на четирите годишни времиња.
Дали секое подно греење е исто греење?
Квалитетот на подното греење многу зависи од соодветниот избор на опрема за поставување на истото, како и начинот на поставување. Доколку сакаме да добиме најголема ефикасност со поставеното подно греење, мора да се погрижиме за квалитетна монтажа и добра изведба на сета звучна и топлинска изолација. Навистина е многу важно да се направи добра подготовка, да се земат во предвид сите барања од клиентот и да се изработи комплетен проект за изведба. Порано како потенцијален проблем се јавувало затнувањето на цевките за подно греење. Денес сме ослободени од тој проблем, благодарение на специјализираните полиетиленски црева за подно со антиоксигенска бариера.
Ефект за саморегулирање
Во минатото често се зборувало за лоша регулација на подното греење. Многу е важно да се знае вистинскиот ефект на саморегулација. Ако на пример со една соба имаме температура од 20°C и температура на површината на подното греење од 24°C,на располагање практично постои околу 40W/m2. Доколку дојде до зголемување на температурата во просторијата (зради сончеви зраци, поголем број на луѓе, топлина од каминот и сл.) на 22°C, моќта на подното греење се намалува на 20W/m2. Во таа ситуација се оддава 50% помалку енергија, без било каква интервенција на корисникот.

Доколку системот за подно греење професионално се испланира и коректно се инсталира, кориснокот може да ужива во подното греење со многуте благодети кои ги овозможува тоа.

Comments

  1. Pocituvani, vo stan od 70 m2 imame parno na struja koe poslednite 2 godini ne go koristevme poradi visokite trosoci za struja. Sega koristime termo pecka no bi sakale da instalirame podno greenje (na voda) vo dnevnata. Dali moze da se iskoristi postoeckiot sistem (bojler, eksp.boca koi se instalirani vo toaletot) i vsusnost kolku bi ni bile dopolnitelnite trosoci za postavuvanje na podnoto g. Da napomenam deka sme na prizemje no i toa deka imame staveno izolacija na tavanite na site podrumi sto se pod nasiot stan.

    • Почитувани,

      Значи може да го искористите постоечкиот систем од електричниот котел, со тоа што ќе треба да се постави црево за подно греење па нова кошулица и ред други пропратни работи како што се разводниците со мерач итн.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*