Ве потсетуваме на нашите 3 совети за да биде вашата куќа “интелигентна куќа”

biomassСвесни сме за се посовремениот развој на технологијата, како и за повисоките стандарди во домашни и во глобални рамки. Сето тоа нам ни отвара неверојатни можности за заштеди, но и наметнува поинаков пристап кога станува збор за користење на природните извори на енергија. Како резултат на тоа се повеќе се среќава и користи терминот “интелегентна куќа”.

Интелигентна куќа е всушност онаа куќа каде има инсталирано централен систем за греење или климатизација,со што истиот тој систем може да се регулира и контролира. Таквиот систем има можност да интегрира повеќе системи (греење, топла вода, ладење, безбедност, осветлување). Една од основните и најважни функции на централниот систем за управување е и оптимизација на потрошувачката на енергија во домот. Тоа би значело дека системот имa опција да ја регулира температурата во сите простории во куќата со зададениот режим, било да се работи за зима или лето, може да го контролира осветлувањето во посебни простории, вклучување или исклучување на електричните потрошувачи, системи за обезбедување, систем за заштита од пожар.

Тука веројатно го поставувате и најважното прашање кои би било враќање на инвестицијата од овој тип на систем.За да се одговори на тоа прашање мора да се внимава на изолацијата на објектот, инсталираниот систем за греење и климатските услови.

Централниот систем за контрола ја зголемува безбедноста и удобноста во вашиот дом, исто така го продолжува животниот век на опремата со намалени трошоци за одржување.

Совети за да ја направите вашата куќа да биде “интелигентна” куќа

1. Користење на термостатски вентили

Користете  термостатски вентили со кои ќе може да се регулирате собната температура преку намалување или зголемување на протокот во вентилот. Вие со помош на нивната употреба  заштедувате дури и до 24% енергија .Термостатскиот вентил заедно со термостаската глава се инсталираат по еден на секој радијатор. Со помош на термостатската глава вие може да ја подесувате саканата температура и во моментот кога ќе се достигне истата, се затвара вентилот односно радијаторот. Тоа би значело дека оваа термо глава има задача да го затвора и отвара вентилот и на тој начин да заштедува енергија. Овие вентили и термостатски глави се препорачува да се постават низ простории кои помалку се користат како: спална соба, ходник и останати споредни простории , каде не се бараат постојано високи температури. На ваков начин вие вршите регулација во тие простории и заштедувате енергија.

2. Користење на централен систем за контрола на греење во една просторија или повеќе простории

Системот служи за целосна регулација на температурата низ објектот. Тука постојат можности за поединечна регулација на сите простории независно една од друга, со тоа се отвара можноста за сите простории по потреба да имаат различна температура. Постои и можност за временско подесување на системот преку кое се врши значителна заштеда. Системот се подесува и координира од едно централно место. Денешните современи системи имаат можност за регулација и преку интернет.

Со инсталирање на централен систем за контрола и регулација, се врши значителна заштеда на енергијата помеѓу 30 до 40 % во објектот.

3. Комбинација на претходните два совети

Најдобар ефект и заштеда се постигнува со користење на двата совета. Централна регулација програмирана временски според потребите на објектот и локална регулација со поставување на термостатски вентили и глави на радијаторите.

Остави коментар

*