Со зголемувањето на температурите и доаѓањето на летните горештини започнуваат проблемите со водоснабдувањето. Ова претставува голем проблем за голем дел од населението. Особено проблем околу водоснабдувањето се јавува во средините каде водата се користи интензивно за наводнување. Доколку имате проблеми со водоснабдувањето или околу транспортот на водата можеби е време да почнете да размислувате за пумпа која би била решение за вашите проблеми. За да помогнеме на некој начин при изборот на пумпата, која би одговарала за вашите потреби ние ќе ги наведеме основните работи на кои што би требало да обрнете внимание за да го направите правилниот избор.
Медиум
Прва и основна работа на која треба да обврнете внимание е медиумот. Под поимот медиум на течноста спаѓа видот на течноста, односно дали се работи за вода или се работи за некоја друга течност зошто пумпите имаат широка примена во секојдневието.
Потоа да се одреди температурата на течноста зошто во глобала повеќето пумпи се ограничени до колкава температура можат да ја транспортираат течноста.
Хемиски состав е исто така многу битен параметер зошто ако на пример се работи за газирана или негазирана течност значително би влијаело при изборот на пумпата.
Содржина на течноста, односно дали во течноста се наоѓаат најразлични честички или каменчиња кои би можеле да создале дополнителни проблеми при транспортот на водата.
Намена на пумпата, апликација
Многу важен сегмент при одредување на пумпата е намената за самата пумпа.
Од каде ќе се зема водата дали станува збор за бунар, дали водата ќе се зема директно од мрежата или пак од резервоар.
Доколку станува збор дека водата ќе ја црпеме од бунар потребно е да се знае ширината на бунарот односно бушотината, положба на пумпата и податоци за бунарот односно колку е длабок и на колкава височина почнува да се појавува водата.
Доколку водата се зема директо од мрежата потребно е да се знае колку е минималниот и максималниот притиок во мрежата.
Кога ќе го решиме проблемот од каде ја земаме водата треба да знаеме и каде ја испумпуваме односно дали ќе е резервоар директно во мрежата или нешто друго каде што ќе ни бидат потребни истите информации кои што ги наведовме претходно.
Потребен проток
Во зависност од намената на пумпата треба да се одреди и протокот. Доколку пумпата се користи за куќна инсталација во глобала за еден дом е потребен проток од околу 2 метри кубни на час. Но доколку се работи за стамбена зграда или пак за полнење на базен, наводновуање и сл., протокот мора да биде поголем, па затоа при изборот на пумпата размислете за што се би можело да ја употребувате пумпата, за потоа да не се најдете во небрано, односно таа да не ги задоволува вашите барања.
Потребен притисок
Потребениот притисок е важен исто колку и протокот. Доколку притисокот е погрешно одреден и протокот нема да задоволува. За домашна инсталација во глобала притисок од околу 1.5 до 2 bar, ги задоволува потребите но доколку станува збор за некоја фонтана или прскалка притисокот би требало да биде поголем.
Доколку располагаме со горенапишаниве параметри, изборот на пумпа би бил точен и во комплет би ги задоволил вашите потреби.
Доколку има прашања поврзани со темава, или воопшто за пумпите отворени сме за соработка.
лјупчо says
kakva pumpa da kupam ? imam solaren sistem kupen od makedonski biznis servis,ednoceven t.e. i nadopolnuvanjeto i praznenjeto e preku istata cevka.Pri praznenjeto nema dovolen pritisok , visinata -padot e okolu
3metra.Koja pumpa bi zadovoluvala i kako da ja izvedam montazata.
Vi blagodaram za sovetot
Dario says
Почитувани,
Искрено не сум запознаен со соларниот систем за кој зборувате, јас би можел да ви препорачам одредена пумпа но најубаво би било да се консултирате со изведувачот кој го инсталирал системот, бидeјќи ги работи сигурно ќе знае по профисионално да ви излезе во пресрет.
Поздрав
ZLATE says
IMA LI HIDROFOR ZA PRODAZBA
60 -70 L/min
pririsok 2.5 – 4 bar
boca 25l
cena vo gotovo
Dario says
Почитувани,
Да има таков хидрофор, што би можел без проблем да се вклопи во вашето барање. Инаку хидрофорот е од марката WILO и е со ознака HWJ 204 и истиот моментално е на акција. Тој чини 12930 денари.
Доколку имате дополнително прашање слободно пишете.
Поздрав