Топлите денови полека но сигурно пристигнаа, а со самото тоа потребата за потрошувачка на вода се зголемува. Токму заради зголемената потрошувачка на вода, во летните денови често се случува да има недостаток на вода, па дури и воопшто да нема вода. Ова особено ги погодува земјоделците кои имаат посеви за наводнување. Надополнувањето на недостатокот на вода многу од нив го решаваат со копање на бунари и поставување на бунарски потопни пумпи.
Поголемиот дел на бунарски потопни пумпи имаат потреба од поставување на дополнителни заштити, автоматики итн. како би се обезбедил потребниот притисок на вода и правилна работа на пумпите. Од програмата на Wilo доаѓа “паметна” бунарска пумпа TWU 3 која е одличен избор за полесно испумпување на водата од бунарите до саканите места каде има потреба од вода.
Бунарската потопна пумпа Wilo TWU 3 има вграден неповратен вентил и фреквентен конвертер. Таа е погодна за транспорт на вода со максимална содржина на песок од 50g на метар кубен, од бушотини или резервоари. Фреквентниот регулатор обезбедува константен притисок со автоматска регулација на брзината. Пумпата може да се користи само потопена со регулатор вграден на вертикална линија. При вертикална или хоризонтална инсталација во бунари (> 149 mm) или резервоари, неопходно е поставување на цевка за ладенње.
Практичната намена и погодноста која ја овозможува оваа бунарска пумпа е од големо значење во поглед на заштеда на електрична еднергија и одржување на саканиот притисок во системите со вода.
Leave a Reply