
Кога ќе се спомне клима уред веднаш асоцира на уред кој ја разладува просторијата во пеколно топлите денови, во просториите во кои престојуваме. Меѓутоа инвертер клима уредот овозможува поголема удобност со тоа што покрај мошне квалитетното ладење постои и уште поквалитетно греење.
Во овој пост ќе се запознаете со потрошувачката на инвертер клима уредот и неговата исплатливост како одличен избор за инсталирање во вашите домови. Да почнеме со еден мал стан (гарсоњера) од некаде 25 – 35 m2, за оваа квадратура ќе биде потребен клима уред од 3,5 Kw кој во целост ќе ги задоволи потребите за климатизација. Во зависност од марката на клима уредот во просек потрошувачката на електрична енергија се движи помеѓу 8 и 15 Kw дневно при работа на многу ниски температури. За температури околку нулата потрошувачката ќе се намали и под 10 Kw дневно. Од тука лесно може да се пресмета дека сметката за струја за цел месец ќе изнесува потрошени 300 Kwh (10 Kw по 30 дена), што е многу ниска потрошувачка и што го прави инвертер технологијата најисплатливо решение за греење на струја. Инвертер клима уредите во зависност од типот имаат потрошувачка 1 до 1,3 Kw кога работат со полн капацитет, додека се постигне саканата температура и потоа работата на моторот се намалува а потрошувачката на енергија паѓа и под 0,9 Kw.
Било кој друг начин на греење на струја ќе може да загрее максимум 10 m2 со потрошувачка 1Kw/h. Сите оние кои се принудени или избрале да се греат на струја треба да се греат на инвертер клима уред. Единствената озбилна конкуренција на овие клими се топлинските пумпи. Предноста на клима уредите во однос на топлинските пумпи и електричните котли е тоа што на нив не им е потребен посебен вод за напојување со струја.Скоро секој штеќер во домовите подржува приклучување на клима уред без никаков проблем. За мали станови просто е неисплатливо, а многу често и неизводливо поставувањето на топлинска пумпа. Инвертер клима уредот во целост може да ги задоволи потребите и за стан од 60 m2 со помош на вградување на две клими од по 3,5 Kw. Најчесто проблем може да претставува само лошиот распоред на собите во станот, мегутоа во глобала станот ќе биде целосно затоплен.
Послем сево ова се запрашувате дали инвертер клима уредите имаат и некоја мана?
Она што малку ја расипува идеалната слика за инвертер клима уредите е тоа што на многу ниски температури од -10 и повеќе почнуваат и тие да стануваат помалку рационални. Сепак тие имаат надворешни единици кои се надвор и им треба повеќе сила како би го загреале станот на саканата температура. Така и покрај тоа што можат да работат на темпеартури и под -15 степени нивниот учинок ќе се сведе на 1:1и се случува заради тоа да работи многу повеќе да би постигнала приближна температура до саканата. Добрата страна во сето ова е што кај нас вакви ладни денови речиси и да ги нема или има се вкупно 10 за цела година.
Што би било навистина добро греење на струја?
Ако се одлучите за греење на струја добра варијанта е некоја комбинација од инвертер клима уред и електрични конвектори. Најмногу за тие денови во кои има премногу ниски температури. Оваа комбинација е многу добра за претарано ниските температури кога инверторот би имал потешкотии при постигнувањето на бараната температура во просторот во кој е поставен. Секогаш при изборот на јачината на уредот треба да се биде реален и да не се оди на минималната граница за да се задоволат потребите, секогаш треба да се оди на малку појак капацитет во изборот не само на клима уредите туки и за секој уред.
Една работа е најбитна и не треба да се заборави, чистете го редовно филтерот на клима уредот. Тоа неверојатно многу влијае на работата на климата.
Leave a Reply