Бидејќи знаеме колку е важно да се користи уред кој ќе го контролира притисокот и овозможува непречена и посигурна работа на системот, во овој пост ви го претставуваме Контролерот за диференцијален притисок од Giacomini со ознака R206C.
Овој балансирачки вентил го контролира диференцијалниот притисок, овозможува константен (постојан) притисок, без оглед на протокот. Овој вентил е права (рамна) верзија на линеарни контролери и работи без потреба од дополнителна моќ. Номиналниот диференцијален притисок може континуирано да биде прилагоден на 250 до 600 mbar.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Опсегот на работна температура се движи во следните рамки : 2 ÷ 110 ° C ( -20 ÷ 110 ° C со заштита од замрзнување)
– максимален работен притисок: 16bar
– максимален диференцијален притисок: 2bar
– опсег на диференцијален притисок: 25 ÷ 60 kPa
Материјалот од кој е изработен вентилот е следниот:
– телото е направено од месинг кој е отпорен на дезинфекција
– мембрани и О прстени
ИНСТАЛАЦИЈА
Вентилот е поставен на повратокот на било која ориентација. Стрелката на телото на вентилот треба да биде во согласност со насоката на протокот . Се препорачува раздвоива врска со вентил на двете страни на контролерот на диференцијален притисок. Вентилите мора да бидат коректно инсталирани и да се користат чисти фитинзи. Филтер вентилот е поставен за да го штити системот од насобирање на нечистотии.
ТЕСТ ПОЗИЦИИ
Две тест точки се опремени на истата страна на вентилот и фабрички се запечатени. Благодарение на ваквата поставеност тие дозволуваат лесна достапност и брзо опремување со уреди за мерење кои не се зависни од позицијата во која вентилот е инсталиран.
Откако еднаш ќе се постави контролерот за диференцијален притисок , тој во било кое време може да се прилагодува на бараната позиција.
Leave a Reply