
Во светот Wilo претставува синоним со традиција на првокласен Германски инжинеринг. Овие пумпи и пумпни системи за греење, ладење, климатизација, водоснабдување и отстранување на отпадната вода, се користат во комерцијалните објекти, комуналните системи, индустријата како и во приватните домови.
Пумпите за греење работат константно во грејната сезона, така да додека системот на греење се грижи за топлината во куќата пумпата ја движи водата во цевната мрежа. Со таква константна работа во сезоната на греење се насобираат околу 6000 работни часови, така да не треба да не изненадува што една застарена нерегулирана стандардна пумпа троши навистина поголема количина на струја.
Најголемиот проблем во таквите пумпи е непостоењето на можноста да се регулира потрошувачката, односно работата во комбинација со термостатскиот вентил кој ја регулира потребната температура во просторијата која се загрева.
На пример, старите пумпи непотребно ја транспортираат водата низ цевната мрежа секогаш под полн интензитет. Дури и при промените на притисокот, на пример кога термостатскиот вентил на радијаторите го ограничува протокот на водата, потрошувачката на струја не се намалува. Пумпата продолжува да работи со полна пареа.
Затоа многу брзо ќе се исплати промената на пумпа и да се почне со штедењето на електрична енергија.
Една старомодна пумпа во зависност од големината на површината за греење, ја зголемува потрошувачката на струја од 100 до 200 евра на годишно ниво. Тоа често пати се поголеми трошоци за струја отколку потрошувачката на фрижидер или замрзнувач кои се стандардни потрошувачи на струја во домаќинството.
Преку 90% од циркулационите пумпи кои што денеска се на пазарот после 2013 година нема веќе да бидат во производство. Причината за ова е стапување на сила на одредбите за циркулационите пумпи кои се наоѓаат во рамките на Европската директива за производи кои се потрошувачи на електрична енергија. Значи од 2013 година на пазарот ќе се најдат пумпи со многу мала потрошувачка на енергија.
Во моментот повеќето системи за греење се опремени со нерегулирани пумпи. На тој начин непотребно се троши електрична енергија и тоа дури за 10 пати повеќе отколку со најновата генерација на пумпи. Во инднина ќе може само да се користат пумпи со висока ефикасност со кои ќе може да се постигне голема заштеда на електична енергија. Значи промената на стара пумпа во однос на нова пумпа од новата генерација претставува сигурност и за во иднина, а воедно разликата ќе се забележи и во следната сметка за струја.
[…] до сега, високо ефикасните пумпи беа достапни само во големите згради, но од сега, Wilo ви […]