Се наоѓаме во период каде фосилните горива стануваат се понедостапни за користење бидејќи цените константно им поскапуваат, и се повеќе внимание се обрнува на обновливите извори на енергија. Еколошките извори на енергија се бесплатни и ги има насекаде околу нас. Сега не се оди на тоа како да се дојде до овие извори туку како да се икористат максимално, односно да им се зголеми енергетската ефикасност. Во тој поглед напредуваат и соларните колектори, кои од рамен почнаа да се произведуваат во вакуумски.
Соларните вкуумски колектори се 20 – 30% поефикасни од рамните (Flat) колектори и со самото тоа нивната употреба е многу поисплатлива.
Една од причините е тоа што дизајнот на колекторската цевка овозможува поголема апсорпција од сите страни на цевката и искористување на сончевите зраци, додека пак втората причина е тоа што вакуумот е одличен изолатор.
Вакуумскиот колектор се состои од серија на цевки во кои постои вакуум. Цевките се обложени со три апсорпциони слоја со цел да акумулираат поголема количина на сончеви зраци, односно топлина.
Во централниот дел од вакуумската цевка се наоѓа бакарна цевка која во внатрешноста е исполнета со специјална течност гликол. Бакарната цевка која се наоѓа во вакуумската цевка е во обликот на буквата ‘’U’’ и најчесто овие колектори уште се нарекуваат и ‘’U-pipe’’ или колкетор со ‘’U’’ цевки.
Соларните вакуумски колектори ја користат сончевата енергија за производство на топла вода. Вакуумските цевки ги апсорбираат сончевите зраци кои ја загреваат течноста (гликол) во ‘’U’’ цевката. Загреаната течност во цевките се пренесува до бојлерот и со тоа се загрева водата. На овој начин се произведува топла вода за санитарни потреби (туширање, миење), вода за греење на базени и слично.
Главната предност на вакуумскиот колектор во однос на рамниот Flat колектор е во тоа што вакуумскиот колектор има подобра искористеност во есенскиот и зимскиот период, и на таков начин овозможува повеќе искористеност во текот на целата година.
Вакуумскиот колектор е особено погоден за интеграција во системите со централно греење со подно и ѕидно загревање и ладење, и каде што е потребно голема количина на топла вода.
Неколку примени на вакуумски колектори
- употреба во домаќинствата за топла вода за централно греење
- употреба во домаќинствата за загревање на санитарна вода
- комерцијални објекти (греење и топла вода)
- училишта и јавни институции кои сакаат да ја оптимизираат месечна потрошувачка на енергија
- болници (греење и топла вода)
- спортски објекти (топла вода за туширање)
- хотели и станови, кои конзумираат голема количина на топла вода може да заштедат многу преку сончевиот систем.
Општо земено, секоја институција има потреба од топла вода.
Како најзначајни предности на вакуумскиот колектор во однос на рамниот Flat колектор би ги издвоиле следниве:
- Значително поголема ефикасност, особено во постудените периоди од годината, значи поголема искористеност во текот на целата година.
- Зголемено производство на топлинска енергија.
- Пасивното следење на сонцето: заоблената површината на апсорберот овозможува речиси целиот ден да е изложен на сонце.
- Трајност: апсорберот е заштитен во вакуум, не е изложен на влажноста.
- Полесна инсталација и пониски тежина.
Во борбата за се поголема искористеност на енергенсите, вакуумкиот колектор е моментално најдоброто решение за домашна употреба што може да се најде на пазарот. За разлика од рамниот (flat) колектор за приближно иста цена добивате подобар, полесен и колектор кој апсорбира повеќе сончеви зраци благодарение на својата форма, а со својата тежина не претставува никаков проблем при инсталирањето. Со неговата поголема искористеност во текот на есенските и зимските денови започна да се комбинира и со подното и радијаторското греење што уште повеќе допринесе за поголемата присутност на пазарот.
Leave a Reply