Во секој објект каде има инсталирано водовод би требало да има инсталирано и завршно колено за вода. Сега дали станува збор за водовод составен од пластични цевки т.н ппр цевки, или станува збор за касетен водовод , односно водовод со касета и црево за вода, ќе зависи од желбата и можностите на инвеститорот.
Денеска ние се одлучивме да пишуваме за завршно колено за вода кое е неизоставен дел од секој касетен водовод.
Завршното колено за вода (како што ни кажува и самото име) се монтира на крај од цревото односно каде што треба да се приклучи чешмата од мијалникот, тушот, бидето и.т.н.
Инаку идејата денеска да пишуваме за завршното колено за вода е од таму што на пазарот се присутни многу типови од овој производ. На голем дел од нив не е позната ниту земјата на потеклото, и се користат најчесто за питка вода. На повеќето од нив пишува во хемискиот состав дека се изработени од месинг и ја содржат дозволената количина на олово, но при евентуален лабораториски преглед ќе се изненадите од што се се изработени. Повеќето од нив се изработени од рециклирани материјали и со себе користат многу токсични материи. Во едно истражување што беше спроведено, се докажа дека токму вакви производи, го зголемуваат ризикот од заболување со канцерогени болести.
Како и да е, од производителот Giacomini излегоа пред определен период со ново завршно колено за вода, кое е составено од два дела и тоа пластичен дел кој е како еден вид заштита и преку кој се прицврстува коленото на ѕидот. И метален дел кој се наоѓа внатре во пластичниот дел и на него од една страна се поврзува чешмата а од другата страна со помош на полуспојка се инсталира цревото за вода. Оваа завршно колено за вода ги има поминато сите светски испитувања за питка вода каде ги има добиено најголемите признанија и се има стекнато со сертификат за питка вода.
Со модуларните колектори на Giacomini наменети за касетен водовод, цревото наменето за водовод и завршните колена, вие заштедувате време и пари, затоа што времето за инсталирање на водоводот се намалува многу.
Во западните земји, доколку производителот за водоводната опрема ги нема поминато испитувањата за питка вода и немаат добиено некаков сертификат од истите, не се ни размислува таквата опрема да се инсталираат како водоводна мрежа на некој објект.
На нашите простори имаме голема среќа што сеуште можеме да ја пиеме водата од водоводната мрежа. Инаку во повеќето европски држави еден литар вода за пиење чини приближно колку еден литар бензин. Да се потрудиме да остане тоа така, питката вода да ја добиваме преку сертифициран водовод и кој после 5 години нема да дозволи во него да се развиваат најразлични бактерии кои подоцна предизвикуваат стомачни вируси.
Leave a Reply