Во целиот изведен систем за греење потребно е различен проток, кој се контролира со вградување на баланс вентилот.
Баланс вентилот (Клик за повеќе статии поврзани со темата) игра клучна при инсталирањето на грејната инсталација во вашиот дом. Еве ги фактите:
Системот за ладење или греење и нивниот дистрибутивен систем мора да е во рамнотежа кога протокот во целиот систем (термални компонентни линии, дистрибутивни линии и главната дистрибутивна линија) ќе одговара на протоците кои се определени со планот на системот. Доколку балансирањето во системот не е воспоставено правилно, тоа ќе резултира со нееднаква распределба на проток, така што во некои термални единици ќе има вишок на моќност, во други пак ќе се јавува недостаток. Резултатот е некои единци ќе работат правилно, а останатите само ќе трошат електрична енергија, а ефектот нема да го чувствуваме.
Ви ја преставуваме италијанската програма на Giacomini баланс вентили, кои се користат за динамичко хидраулично израмнување на притисокот во системите за греење и ладење. Појаснување (Динамичко израмнување претставува постојано балансирање на регулацијата на притисокот од 0 до 100% оптеретување во системите со променлив проток. При делумно оптеретување, кога протокот во инсталацијата е намален, баланс вентилот реагира на промената на условите и ја обезбедува постојаната разлика на притисокот во цевките.).
Giacomini креираше решение за ваквиот тип на проблеми, а тоа се баланс вентилите, кои се изработуваат по највисока технологија со цел обезбедување на потребниот проток во секое време, интегрирани со пропорционални методи (рачно подесување на баланс вентилот). Баланс вентилите користат најнова технологија за да се обебеди бараниот проток во секое време, без оглед на промените на притисокот во системот.
Баланс вентилот модел R206N од програмата на Giacomini ви нуди соодветното балансирање, брзината на течноста која што ја носи топлината и различни притисочни акции на некои елементи се лимитирани. Преку ова се избегнуваат најразлични дефекти, а воедно во системот се одржуваат потребните работни услови. Максималната работна температура на балансирачкиот вентил од Giacomini модел R206N e 110 степени целзиусови, а додека пак максималниот работен притисок е 25 бари.
Leave a Reply