Зошто да одберете Подно Греење за вашиот дом

дом со подно греење

Што мислите, дали подното греење е здраво греење и дали всушност претставува најздраво греење? Тука ќе се обидеме да ви презентираме некои факти во однос на системите за подно греење, кои на некаков начин се поврзани со нас самите и особено нашето здравје.

Велат дека системот на подно греење е најудобниот систем за греење на човекот.

Во овој пост нема да се трудиме да ве убедиме во претходно напишаната реченица, туку ќе пробаме да ви ги објасниме важните карактеристики и предности на користење на подно греење, со што ќе ви обезбедиме интересна тема на која секој од вас може да размислува.

Кога го земаме во обзир зголемувањето на температурата на телото на човекот, научните истражувања покажуваат дека во просториите кои ги загреваме мора да постојат услови какви што има и во простории кои не се загреваат, односно идеални природни услови. Температурата на површината која ја загреваме, не смее да биде повисока од температурата на човечкото тело.
Системот на подно греење посебно се препорачува на оние кои страдаат од алергии, зошто нискотемпературното греење не предизвикува:

  • согорување и кревање на прав,
  • провев и
  • поголема температурна разлика.

Во текот на работењето на подно греење најголем дел од топлината се пренесува по пат на топлинско зрачење. Со оглед на покачената температура во просторијата, температурата на воздухот може да се намали, а притоа условите за загревање да останат со оптимална вредност. Температурата не само од економични, туку и од здравствени причини, може да ја намалиме за 1-2°C.

Понатаму малку би поразговарале и за комфорот кој ни го дозволува овој начин на греење. Со ниту еден наш избор на начин на греење, не можеме максимално да ги постигнеме сите наши потреби, но со користење на подно греење голем број наши желби се веќе исполнети. Тоа се однесува на: удобност, дизајн, сигурност, ефикасност и едноставна употреба. Во продолжение ќе се задржиме на кратко објаснување на овие важни карактеристики.

  • Удобноста се должи на рамномерност во распределбата на топлината по подот во просториите во кои се движиме, на места каде е поставено подното греење. Со овој начин на греење, ослободени сте од прав и бучава. Подот со помош на термостат се загрева до саканата температура и рамномерно ја пренесува во воздухот.
  • Дизајнот е карактеристика која не често за многу семејства игра пресудна улога при изборот на начин на греење. Без разлика дали изборот на подно греење претставува основен извор на енергија, или пак се користи како дополнителен во системот на греење, истиот се проектира зависно изгледот на просторот. Кога размислуваме за поставување на под кој ни одговара, мора да напоменеме дека постои можност да се постави подно греење, независно од материјалот на подот.
  • Сигурноста е важна карактеристика за овој тип на греење кој е навистина сосема сигурен без било каква опасност за корисникот. Електричните проводници се заштитени и било какви оштетувања, можат само да го прекинат напојувањето, а електромагнетните зрачења се сведени на минимум, така да речиси и да ги нема.
  • Едноставна употреба на овој систем се однесува на тоа да постои можност за регулација и програмирање на температурата, преку термостатот. Овој систем на греење е направен од најквалитетни материјали кои имаат животен век подолг од 30 години. Затоа и ваквите системи не бараат некое големо одржување при неговото користење.

Тука можеме да го споменеме и GiacоKlima подно греење коe обезбедува одлично искористување на пониските температури: целиот под станува зрачна површина и затоа корисникот може да го има истото чувство на удобност со одржување на температурата на воздухот да биде некој спепен пониско.

Ефикасноста во користењето на подно греење го прави овој систем еден од најефикасните на пазарот во однос на останатите класичните системи на греење.

Како заклучок би можеле да го кажеме следново:

  • Во подното греење најголем дел од топлината се пренесува по пат на топлинско зрачење. Од подот на кој струи ладен водух, со поставување на подното греење, топлиот воздух кој се создава, се пренесува нагоре и топлината се шири рамномерно и со тоа и ние ја чувствуваме рамномерно насекаде околу нас.
  • Со ниту еден наш избор на начин на греење не можеме максимално да ги постигнеме сите наши потреби, но со подното греење голем број наши реални потреби ќе бидат веќе исполнети.
  • Удобноста која се постигнува со подно греење се должи на рамномерност во распределбата на топлината по подот, што значи дека топлината ќе ја чувствувате постојано без разлика каде се наоѓате и дали се движите во вашиот дом.
  • Со подно греење како начин на греење во вашиот дом нема да имате прав и бучава. Подот со помош на термостат се загрева до саканата температура и рамномерно ја пренесува во воздухот.
  • Сигурноста на подно греење гарантира дека постои нулта толеранција за опасност за корисникот.
  • Едноставна употреба ви обезбедува регулација и програмирање на температурата, преку термостатот.

 

Comments

  1. Би сакал да прашам ако може да ни образложете подетално на каков под може да се стави подното греење. Дали може на паркет, бродски под, во кои димензии итн.

    • Почитувани,

      Подното греење се поставува на специјален стиропор врз кој потоа се става кошулицата, а потоа врз неа во зависност од намената без проблем може да се постави специјалено наменет за подно греење паркет, бротски под, ламинат итн.
      Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

  2. Ако може подетално да образложете каков е тој специјален бродски под.
    Во претходните постови пишавте дека подното греење е до 30% поекономично и за изведба и штеди до 30% енергија што би било супер, но би сакал да прашам:
    – колку време е потребно за достигнување на нормална температура во собата – куќата (претпоставка дека сме на работа до 15 часот, имам изолација на куќата и би сакал да загреам околу 45м2, а зимото е доста ладно) и со колкава енергија.
    поздрав

    • Почитувани,

      Поставувањето на подно греење е поекономсично во однос на другите бидејќи топлината во домот доаѓа од самиот под каде температурата секогаш е најниска, а сите добро знаеме дека топлиот воздух секогаш бега нагоре кон таванот. Ова значи дека послем самото уклучување на подното греење многу побрзо ќе почуствувате затоплување ( 15 до 20 мин. ) во однос на било кое друго греење. Енергијата која ќе ја потрошите зависи од тоа колку топлина сакате да постигнете и колку саати во денот ќе греете. Инаку околу тоа кој бротски патос и какви карактеристики треба да има за поставување на подно, најдобра информација ќе добиете од некоја специјализирана продавница која работи со производи за поставување на патос.
      Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*