
Како навлегуваме во период на пониски температури се почесто размислуваме за грејната сезона која следува. Но, она што секое домаќинство го мачи се и сметките за електрична енергија, или пак заштеда на самата еденргија во овој процес кој претставува навистина долг процес.
Во изминатиот период зборувавме за самото функционирање на подно греење и забележавме дека научно е докажано дека овој систем обезбедува најдобра удобност, односно удобност најблиску до кривата на идеална удобност.
Понатаму одевме еден чекор понапред со тоа што навлеговме подлабоко во едни фактори кои влијаат на таа удобност. Ова можете да го прочитате во постот насловен како: Со подно греење до идеална удобност во твојот дом.
Денес, повторно ќе стане збор за подно греење, но за еден систем за подно греење наречен како GiacoKlima од еден од најголемите производители за ваквите системи Giacomini од Италија и заштеда на енергија која овој систем го обезбедува.
Giacoklima систем на подно греење обезбедува одлично искористување на пониски температура: целиот под станува зрачна површина и затоа е можно корисникот да го има истото чувство на удобност, но со одржување на температурата на воздухот околу 2 оC пониско. Како резултат на тоа многу е помала дисперзија на греењето од надворешната средина, а со тоа и исклучително интересни заштеди на енергија, во согласност со најновите регулативи во овој сектор.
Се вели дека со намалување температурата во просторијата за само 1оC се овозможува 5% во заштед на енергија.

Системот Giacoklima избегнува стратификација на топлина на таванот, како што се случува со традиционалните инсталации, обезбедувајќи чувство на благосостојба на едно навистина високо ниво. Во особено високи згради, предностите на Giacoklima системот за подно греење веднаш се забележува бидејќи греењето или ладењето е обезбедено во низок регион на средината и затоа директно се чувствува од страна на човечкото тело.
Такви ниски температури на водата која се користи обезбедува значителна заштеда на енергија, како и дозволува подобрување на перформансите на изворот на енергија кога температурите паѓаат, како што се соларни панели, кондензација котли и пумпи за греење.
[…] сезона обезбедува бесплатно греење со помош на подно греење, ѕидни панели и панелни радијатори. Во комбинација со […]