Како функционира подно греење?

Систем на подно греење со зрачење претставува систем за греење и ладење кој користи вода со ниска температура која циркулира низ специјални полиетиленски цевки, вградени во кошулицата поддржувајќи под од керамика, мермер, гранит, ламинат или паркет. Топлината се трансферира од цевките на подот и потоа од подот низ целата соба. На ваков начин целата површина на самиот под станува топлотно тело.

Трансферот на топлината од подот во опкружувањето се изведува преку зрачење, па затоа и гарантира одлична дистрибуција на температурата.

Она што е докажано научно е дека системот на подно греење е најблиску до кривата на идеална температура бидејќи произведува малку поблага температура на нивото на нозете и постепено се лади како што поминува преку телото па се до главата на човекот.

Крива на идеален комфор

Крива на идеален комфор

 

Во системот на подно греење, подот не е врел на допир (тој е околу 25-26 °C), но не се чувствува зиморничаво како што е случај со подовите во околината со традиционалното радијаторско греење. На ваков начин може да се обезбеди слободно одење со боси нозе во зимскиот период.

Системите за подно греење како што е системот на Giacoklima функционира одлично и при ладење и при греење, па така може да се користи во сите сезони.

Во зимскиот режим системот работи со вода на температура која варира од 25°C до 45°C во зависност на надворешната температура. Како што објаснивме погоре, површината на подот е таа која ја трансферира топлината во околината. Исто така, благодарение на терморегулационата опрема која го регулира системот според нашите потреби се обезбедува одлично ниво на комфорт во просторијата. Постои можност да различни простории имаат и различна сакана температура.

Во летниот режим системот работи со вода на температура која варира помеѓу 13÷14°C, со можни варијации базирајќи се на надворешните услови и нивото на влажност на околината.

Низ системот за подно греење циркулира вода која се движи со помош на пумпа. Топлата вода зимно време доаѓа од котелот додека во случаите за ладење во летно време доаѓа од машината за ладна вода,  топлинска пумпа-чилер.

Благодарение на системот за подно греење можно е да се обезбеди чувството на благосостојба имајќи помалку 2 ° C на температура на воздухот во однос традиционалните радијаторски системи. Имате чувство дека во просторијата има 22-23 ° C, додека температурата реално изнесува 20-21 ° C. Како резултат на тоа, постојат и помали топлински загуби  од просторијата кон надворешната средина.

Исто така, постои и економска заштеда од околу 20 % при експлоатација: За секој степен ° C  помалку на температурата на воздухот одговара на 7-8% енергетска заштеда.

Системот на подно греење може лесно да се интегрира со разни извори на енергија.

Благодарение на долгото времетраење на цевките и на отсуството од одржување, giacoklima ® системот за подно греење, трае многу долг период.

Погледнете го и : Подно греење: Естетски и акустични предности на GiacoKlima системот

Не го заборавајте: Дали знаете како функционира и како правилно да поставите подно греење?

Trackbacks

  1. […] изминатиот период зборувавме за самото функционирање на подно греење и забележавме дека научно е докажано дека овој систем […]

Остави коментар

*