Греење со Daikin клима уред
Кога ќе се спомне клима уред веднаш асоцира на уред кој ја разладува просторијата во топлите денови, во просториите во кои престојуваме. Меѓутоа инвертер клима уредот овозможува поголема удобност со тоа што покрај мошне квалитетното ладење постои и уште поквалитетно греење.
Во овој пост ќе се запознаете со потрошувачката на Daikin инвертер клима уредот и неговата исплатливост. Oдличен избор за инсталирање во вашите домови. Да почнеме со еден мал стан (гарсоњера) од некаде 25 – 35 m2, за оваа квадратура ќе биде потребен клима уред од 3,5 Kw. Кој во целост ќе ги задоволи потребите за климатизација. Во зависност од марката на клима уредот во просек потрошувачката на електрична енергија се движи помеѓу 8 и 15 Kw дневно при работа на многу ниски температури. За температури околку нулата потрошувачката ќе се намали и под 10 Kw дневно. Од тука лесно може да се пресмета дека сметката за струја за цел месец ќе изнесува потрошени 300 Kwh (10 Kw по 30 дена). Што е многу ниска потрошувачка и што го прави инвертер технологијата најисплатливо решение за греење на струја. Daikin инвертер клима уредите во зависност од типот имаат потрошувачка 1 до 1,3 Kw. Кога работат со полн капацитет, додека се постигне саканата температура и потоа работата на моторот се намалува а потрошувачката на енергија паѓа и под 0,9 Kw.
Било кој друг начин на греење на струја ќе може да загрее максимум 10 m2 со потрошувачка 1Kw/h. Сите оние кои се принудени или избрале да се греат на струја треба да се греат на инвертер клима уред. Единствената конкуренција на овие клими се топлинските пумпи. Предноста на клима уредите во однос на топлинските пумпи и електричните котли е тоа што на нив не им е потребен посебен вод за напојување со струја. Скоро секој штекер во домовите подржува приклучување на клима уред без никаков проблем. За мали станови просто е неисплатливо, а многу често и неизводливо поставувањето на топлинска пумпа. Инвертер клима уредот во целост може да ги задоволи потребите и за стан од 60 m2. Со помош на вградување на две клими од по 3,5 Kw или за голема просторија од 60m2 (без прегради) каде би се задоволиле потребите и со 5kW . Најчесто проблем може да претставува само лошиот распоред на собите во станот. Но во глобала станот ќе биде целосно затоплен.
После сево ова се запрашувате дали инвертер клима уредите имаат и некоја мана?
Она што малку ја расипува идеалната слика за инвертер клима уредите е тоа што повеќето од нив на многу ниски температури од -10 почнуваат и тие да стануваат помалку рационални. Сепак тоа не е случајот со Daikin клима уредот бидејќи тој работи на надворешна температура од -15 степени со истиот интензитет. Додека при екстремни температури под -15 степени само се намалива интензитетот на работа, без притоа да замрзне или да престане воопшто да грее. Добрата страна во сето ова е што можеме да се согласиме дека кај нас вакви ладни денови речиси и да ги нема или има се вкупно 10 за цела година.
Што би било навистина добро греење на струја?
Ако се одлучите за греење на струја добра варијанта е некоја комбинација од инвертер клима уред и електрични конвектори. Најмногу за тие денови во кои има премногу ниски температури. Оваа комбинација е многу добра за екстремно ниските температури кога инверторот би имал потешкотии при постигнувањето на бараната температура во просторот во кој е поставен. Секогаш при изборот на јачината на уредот треба да се биде реален и да не се оди на минималната граница за да се задоволат потребите, секогаш треба да се оди на малку појак капацитет во изборот не само на клима уредите туку и за секој уред.
Една работа е најбитна и не треба да се заборави, а тоа е одржувањето на филтерот на клима уредот и негово редовно чистење. Тоа неверојатно многу влијае на работата на климата.
*Не ја пропуштајте нашата Daikin акција која трае ушта само 2 дена и набавете инвертер клима уред со кој ќе бидете подготвени за секоја сезона.
Leave a Reply