Во минатиот пост пишувавме за комбинираните бојлери на San System и тоа какви се видови на бојлери постојат и кои се нивните разлики помеѓу нив. Токму поради тоа, на нашата адреса пристигнаа многу прашања од типот, имам ваков бојлер како да го поврзам, дали дадениот бојлер може да се поврзе со парно и.т.н, а меѓу останато имаше и едно прашање за баферите во кое се бараше објаснување за нив. Токму поради тоа се одлучивме да пишуваме за баферите, и за нивниот начин на работа.
Повеќето бојлери кои ги имаме во нашите домови се емајлирани и се користат за вода за пиење и за капење, тука е и главната разлика помеѓу баферите и бојлерите. Баферите не се емајлирани и не се користат за питка вода, туку водата која се складира во нив може да се користи само како техничка вода.
Баферите главно се користат како резервоари за топла вода, односно кога топлата вода ќе се потроши во бојлерот, за да не се чека нејзино повторно загревање, започнува да се користи резервната, односно топлата вода од баферот. Инаку баферите во стандардните домаќинства и немаа некоја голема улога, зошто сите префериираат некој поголем бојлер отколку резервоар. Главната примена на баферите е во поголемите системи за греење.
Баферите исто како и бојлерите од San System, од надворешна страна се изолирани со специјален материјал кој во зависност од големината на баферот, односно капацитетот, е подебела или потенка. Тие се произведуваат во три вида односно за три намени и тоа: бафер со еден изменувач, бафер со два изменувача и бафер без ниту еден изменувач. Во претходниот пост каде пишувавме за комбинирани бојлери San System подетално ги објаснивме принципот на работа и разликите помеѓу бојлерите во зависност дали се со еден, два или без изменувач, а истиот принцип се однесува и на баферите.
За да имаме појасна слика за примената на баферот сега ќе наведеме еден пример за неговото користење.
Во куќа со поголема квадратура, се инсталира систем за греење. За да системот за греење троши помалку електрична енергија во текот на зимскиот период, инсталиран е бафер кој е поврзан со неколку вакуумски соларни колектори. Во текот на зимата соларните колектори можеби нема 100% да ја загрееат водата, но ќе помогнат при нејзино греење. Потоа на истиот тој бафер е инсталирана и топлинска пумпа и понатаму е пуштена инсталацијата до системот за греење. Со ваков тип на греење се оди до максимална заштеда на електрична енергија. Ова е само еден пример за примената на баферите, а со негова помош имаме претстава како тоа функционира и изгледа. Во последен период поради заштедата на енергија која ја овозмножуваат, примената на баферите во системте за ладење и греење е многу зачестена.
Ние во наредните постови ќе обработиме уште теми поврзани со баферите, а до тогаш доколку имате прашање поврзано со темава слободно пишете.
Leave a Reply