Системите за ладење и греење кои ги поставуваме во затворените простории не секогаш имаат рамномерен притисок во цевките. Ова ни го поставува прашањето како тогаш се постигнува потребниот работен притисок во системите за ладење и греење? Постигнувањето на потребниот притисок се остварува со поставување на баланс вентил.
Во нашата програма ги имаме исклучително квалитетните вентили од програмата на Giacomini. Баланс вентилите се користат за динамичко хидраулично израмнување на притисокот во системите за греење и ладење. Динамичко израмнување претставува постојано балансирање на регулацијата на притисокот од 0 до 100% оптеретување во системите со променлив проток. При делумно оптеретување, кога протокот во инсталацијата е намален, баланс вентилот реагира на промената на условите и ја обезбедува постојаната разлика на притисокот во цевките.
Со примената на баланс вентилите на Giacomini се избегнуваат сложените и долготрајни процеси за монтирање и пуштање во функција. Динамичкото изедначување на системите при сите оптеретувања кои се јавуваат во нив самите успешно се доведуваат во нормала благодарение на балансирачкиот вентил кој успева да заштеди електрична енергија и го подобрува степенот на удобноста и регулацијата.
Баланс вентилите се направени да постигнуваат високи перформанси во квалитетот на автоматското балансирање заради:
– Растеретувањето на притисокот во цевките,
– Прилагодувачките мембрани за секоја димензија на вентилот кои овозможуваат константен квалитетен ефект во сите големини,
– Пружината со линеарни карактеристики која го олеснува поставувањето на потребниот Δp.
Максималната работна температура на балансирачкиот вентил од Giacomini e 110 степени целзиусови, а додека пак максималниот работен притисок е 25 бари.
Доколку имате некои дополнителни прашања слободно пишете.
Leave a Reply