Бунарска пумпа Wilo – Sub TWU 4

Wilo TWU 4 бунарска пумпаВо претходните постови пишувавме општо за пумпи, односно пумпи за надворешни инсталации. Бидејќи на нашата адреса пристигнуваат многу прашања за бунарските пумпи, нашето внимание денеска ќе го фокусираме токму на нив, поточно на Wilo- Sub TWU 4 бунарската пумпа.

За овој тип на бунарска пумпа се одличивме да пишуваме бидејќи со своите карактеристики  најмногу одговара за просечните потреби во Македонија, а со својот квалитет ги надминува сите нејзини неквалитени копии.

Оваа пумпа одговара за бунари со дијаметар најмалку 100mm, а маскимум 200mm. Доколку дијаметарот на бунарот е различен од горенаведените димензии, пумпата нема да може да се вклопи, односно нема да фунционира правилно.

Пумпата е идеална за куќно водоснабдување и наводнување со вода без долговлакнести или абразивни честици. Инаку отпорна е на корозија и е со вградена неповратна клапна и самоладечки монофазен или трифазен мотор. Со инсталирање на оваа пумпа повеќе проблемите со водоснабдувањето во летниот период се ваше минато.

За да може пумпата да работи беспрекорно, потребни се уште неколку попратни елементи кои се задолжителни.

Табла за контрола на притисок и контрола на водата. На оваа табла се поврзуваат две електроди кои ќе го мерат нивото на водата за да не дојде до пресушување на бунарот и пумпата да не работи на суво. За куќни инсталации оваа табла е задолжителна, бидејќи каква корист ќе имаме од пумпата доколку на вториот спрат од нашата куќа немаме притисок, доколку пак се работи само за наводнување може и замена на таблата со некој поефтина варијанта. Експанзионен сад кој е задолжен  да го обезбеди потребниот притисок и електричен кабел со кој целокупната опрема ќе се поврзе.

Доколку се одлучите за оваа пумпа, а претходно сте користела некоја друга, разликата ќе ја почувствувате веднаш, затоа што ниту една пумпа со карактеристики слични на Wilo – Sub  TWU 4, не ги исполнува ни приближно посакуваните резултати. За да ве запознаеме подобро со карактеристиките го наведуваме следниов график со само дел од пумпите.

wilo tuw 4 график

Нашата земја изобилува со подземна вода, која неретко е многу поквалитетна од водата која што ја добиваме од централниот водовод. И најбитно од се, таа е бесплатна само треба да се дојде до неа, а потоа со наша помош ќе уживате во благодетот што сте го имале под нозе.

Остави коментар

*