Бунарски пумпи и пумпи за надворешни инсталации

Бунарски пумпиКолку пати до сега сте се запрашале како можат граѓаните од другите Европски земји да ја плаќаат питката вода дури и по 1 евро за литар. Тоа е затоа што во поголемиот дел од Европа па и од Светот водата од водоводната мрежа не е за пиење туку само за санитарни цели. Последиците од големиот недостиг на вода се чувствуаат секој ден се повеќе и повеќе, а можеме само да замислиме што ќе се случува во иднината.

Секојдневно се среќаваме со информации дека следните војни нема да се водат за територијални претензии,  рудни богатства, нафта или за нешто друго туку ќе се водат за вода. Земјата постепено се пренаселува а изворите со питка вода постепено се намалуваат. Експертите ценат дека уште во 2025 година една третина од популацијата ќе пати од акутен недостаток на вода. Вашата надворешна градина е ваше богатсво и така треба да остане.

Со поставувањето на пумпа за надворешни инсталации се придонесува и кон штедење на скапоцените ресурси, бидејќи ефикасното водоснабдување од сопствените бунари, цистерни или дождовница е многу едноставно и во многу случаеви се бара од државата и општините.

Значи не се работи само за водата од вашиот бунар, туку вие можете да ја користите дождовницата од вашиот покрив па дури и  дождовницата од улицата или дворот пред да влезе во канализаионата мрежа, за наводнување или миење.

Со сопствениот бунар или бушотина ќе бидете независни од скапата вода за пиење. Без разлика на која длабочина ќе се појави вода во бушотината, постојат бунарски пумпи кои испумпуваат вода и од 300 m длабочина, но таквите пумпи  на нашиот простор се реткост и не се користат, бидејќи водата се појавува на многу помала длабочина.

Бурето под олукот е традиционална можност за евтино наводнување на градината. Потопните пумпи сепак се посоодветно решение. Тие ја транспортират водата од резервоарот до местото каде што ви е потребна водата.

Користете ја драгоцената течност која природата ни ја дава – некогаш во големи, а некогаш во мали количини. Резервоарот за дождовница заедно со соодветната пумпа овозможува рамномерно и тивко наводнување.

WILO бунарски пумпи и надворешни инсталации

WILO бунарски пумпи и надворешни инсталации

Со помош на пумпните системи на WILO и доколку имате вграден тајмер на резервоарот, постои можност да го програмирате наводнувањето на вашата градина, па така да дури и кога сте на одмор вашата градина ке биде наводнувана и кога ќе се вратите, ќе го има истиот изглед како и кога сте заминале.

Нашата земја изобилува со вода, а сето тоа останува неискористено. Во летниот период не често се јавува недостиг на вода во нашиот систем. За да не се доведете во незгодна ситуација изберете ја најсоодветната пумпа за искористување на богатството што се наоѓа под нашата земја.

Comments

  1. Жителите на брисел и ден денес пијат вода од чешма, за нашите соседи воопшто и да не зборувам (освен оние приморски места).

    Зошто го плашите народот со ваква пропаганда, само за да си го зголемите сопствениот профит!?

    • Почитувани, тука воопшто нема закани ниту пак притисок за нешто. Само е дадена анализа на состојбите. Во некои градови скоро за 50% е покачена цената на водата. Во летните периоди повеќето повисоки згради во некои градови во македонија воопшто немаат вода од водоводната мрежа. Во некои случаи и рачно се затега водата, па со месеци жителите на 100.000 град немаат вода и стојат пред цистерни за да дојдат до санитарна вода (веројатно сте гледале не ТВ, и тоа не во Брисел туку во Македонија). Секоја година повеќето водоснабдувачки компании апелираат за внимателно користење, особено во летниот период.

      Ова се само мал дел од фактите од денешнината. А, ќе се зголемуваат потребите. Можеби не на вас, но на голем дел да.

      Ви благодариме за искрениот коментар. Поздрав.

Trackbacks

  1. […] претходните постови пишувавме  воопшто за надворешните пумпи и за нивната поширока примена. Сега нашето внимание ќе […]

  2. […] претходните постови пишувавме општо за пумпи, односно пумпи за надворешни инсталации. Бидејќи на нашата адреса пристигнуваат многу прашања […]

Остави коментар

*