Струењето да водата во системот на греење може да се оствари по природен и принуден начин. Во првиот начин гравитацијата е таа која ја движи водата од котелот до грејните тела и назад. За вториот начин се поставува циркулациона пумпа која ја пренесува водата во грејните тела.
Предности на пумпниот систем во однос на гравитациониот
Поголем расположлив напор што како разултат дава можност системот да биде направен со помали цевки ( бакарни или алумпласт ) и со самото тоа системот ни е поефтин. Со самото тоа што имаме помали цевки во системот имаме и помалку вода во него и загревањето на истата ќе биде побрзо и многу поекономично.
Недостатоци на пумпниот систем во однос на гравитациониот
* Циркулационата пумпа работи на електрична енергија со самото тоа имаме дополнителни трошоци
* Доколку дојде до прекин на струја пумпата нема да работи и со самото тоа може да доведе до прегревање на котелот
* Системот е погласен
Циркулационите пумпи од програмата на Willo се делат на пумпи со две ( RSB ) или три ( RS ) брзини, од брзината на пумпата зависи и брзината на протокот на топлата вода во системот. Пумпите за домашна употреба обично се со конекција од 1’ или 5/4’. Тие се користат за домашно греење бидеќи се со помала моќност, додека за индустриска намена има и поголеми и помоќни пумпи.
За да имаме енергетски ефикасна пумпа, таа не треба да има потрошувачка поголема од 300W, и на неа да е обележано дека има енергетска ефикасност “ A “
Во последниве неколку години на пазарот се појавија многу штедливи и паметни пумпи кои имаат голема заштеда на електрична енергија. Такви пумпи од програмата на Wilo се пумпите Stratos Pico и Yonus Pico. Овие пумпи се високоефикасни и трошат многу помалку електрична енергија, а со самото тоа сметките за струја се многу пониски. Исто така, тие се многу подобри за животната средина.
Доколку не сме сигурни во изборот на циркулациона пумпа, најдобро е да се консултираме со некое стручно лице кое ќе ни каже која пумпа најмногу ќе ни одговара за нашиот дом.
Leave a Reply