DAIKIN – Инвертер клима уред со висок квалитет

Daikin inverter klima uredТоплите денови пристигнуваат за време на летото, а со самото тоа се јавува и потребата за ладење на просториите во кои секојдневно престојуваме. Клима уредите се извонредно решение за таа намена, но дали сте се запрашале како би било кога истиот тој уред би можел да ги задоволи потребите за греење во зимските денови?

Како би се подобрила работата на клима уредите наменети за функционирање на ниски температури со развојот на технологијата се дошло до т.н. инвертер технологија. Клима уредот инвертер од програмата на Daikin овозможува многу подобра работа во зимски услови и успева да ги загрее просториите кога надвор температурите се на -15 степени целзиусови.

Инвертер клима уредот има електронски управувачки компресор, кој менува обртаи, а со тоа и притисокот на работа на клима уредот. Инвертер технологијата
ја променува фрекфенцијата на струја која влегува во компресорот со што успева да ја менува брзината на работа. За разлика од класичните клима уреди, кои со помош на далечински управувач се подесува саканата температура, а таа зададена температура служи како температура за термостатот преку кој климата или работи или не. Кај инвертерот имаме неколку разжични брзини на компресорот по кои работи клима уредот, па како се приближува до посакуваната температура, така се намалува притисокот, односно силата на греење.

daikin inverter klima

Благодарение на ова се подобрува енергетската ефикасност за 30 %, како и многу попријатно чуство во просторијата заради стандардното одржување на температурата во просторот во кој престојуваме.

Главните предности на поставувањето инвертер клима уред Daikin се:
– Стартувањето на клима уредот со работа е побрз за 30 %,
– Инверторот ги минимизира температурните разлики,
– Помала потрошувачка на електрична енергија.

Како што може да видиме од прикажаните предности, со поставувањето на Daikin инвертер клима уредот добивате многу поголема удобност во Вашите домови, како и поголема заштеда на електрична енергија што се приметува уште во првите месеци од употребата на инвертер клима уредот.

Comments

  1. kolku ke me kosta inverter klima 3.5kw so se montaza .

  2. Mi treba samo kompresor za kanalska klima od 60.000btu,dali moze da mi ponudite nov ili poloven?

Остави коментар

*