Дали сте пробале да ги користите топлинските пумпи за ладење?

Toplinska pumpaВо изминатите постови пишувавме за топлинската пумпа, нејзините карактеристики и нејзините предности. Овој уред кој топлинската енергија ја префрла од една средина во друга, се одликува со помала потрошувачка и ги користи обновливите извори на енергија како што се: водата, воздухот, сонцето.Топлинската пумпа не претставува само одлично решение за загревање на вашиот дом, туку таа е подеднакво добра и може да се користи за ладење во текот на топлите летни денови.

Овој навистина безбеден начин на греење и ладење може да ги задоволи вашите потреби во текот на целата година.Високите температури знаат да бидат навистина незгодни, да ни задаваат проблеми и постојано размислуваме како најдобро да се оладиме и кој уред би ни помогнал да ја постигнеме саканата температура. Топлинските пумпи ладат одлично и притоа трошат помало количество електрична енергија. Наведуваме неколку причини зошто топлинската пумпа да се користи за ладење:

  • просечната температура е во постојан пораст, се чувствува посебно во оние летни денови кога горештините знаат да бидат неподносливи.
  • модерните трендови во архитектурата се повеќе се насочени кој користење на стакло наместо ѕидови- со тоа се намалува просторот за поставување на грејни тела, се зголемува пропустливоста на топлина преку стаклата.
  • зголеменето користење на различни технички уреди и куќни апарати, создава се повеќе отпадна топлина во нашите домови.
  • Дали сте знаеле дека температурата на работно место не треба да преминува 28°C?
  • ладењето со топлинска пумпа е економично и практично, заради тоа што истиот состав се користи како за ладење, така и за греење.
  • топлинските пумпи имаат голем COP коефициент , што ги прави ефикасни во текот на нивното работење.
  • топлинската пумпа е еколошки прифатлива.

Во продолжение би ги објасниле начините на ладење на топлинската пумпа, кои зависат од типот на топлинската пумпа која се користи. Кај геотермалните(земјените) топлински пумпи постојат две можности:ground-source-heat-pump-option
Пасивно, природно ладењe
Претставува најевтин начин на ладење, кој има исклучително голема енергетска ефикасност. Течноста која циркулира во системот од цевки, колектори, топлиот воздух го заменува со ладен и овозможува пасивно ладење, кое троши многу малку енергија.
– Aктивно ладење
Се користи во просториите каде преку лето има високи температури и пасивното ладење не е доволно. Овој начи на на ладење е обратен процес од циклусот на греење. Со помош на прекинувач, односно вентилот на пумпата, се менува насоката на движење на течноста во цевките(колекторите). Топлинската пумпа не само што го лади домот, туку во исто верме ја грее водата за санитарна употреба. За активно ладење потребен е компресор, заради што овој начин на ладење троши повеќе енергија од пасивниот.

Кај топлинските пумпи вода-воздух постои можност за активно ладење, со тоа што кога пумпата ја има улогата на ладење тогаш топлиот воздух се испушта надвор. Со користење на претходно загревање во комбинација со подземни цевки, може да ја зголеми ефикасноста на вода/воздух топлинските пумпи.

Заради тоа топлинската пумпа е едно од најдобрите решениа за држување на климата во нашите домови.

Остави коментар

*