Соларниот систем под присилна циркулација, како што и самите можете да претпоставите од самиот назив, е систем во кој циркулацијата се врши присилно со помош на пумпа. Покрај пумпата соларниот систем има и диференцијална автоматика, протокомер, систем за полнење и празнење на соларен флуид, експанзионен сад, сигурносен вентил, температурни сензори, вентил за обезвоздушување, термометар, манометар, неповратен вентил.
Покрај наведените елементи во соларниот систем се вклучени и гравните елементи кои го сочинуваат самиот систем, а тоа се соларните колектори кои може да бидат рамни (2 m2 и 2,5 m2) или ваклумски, бојлер со два изменувачи кој се сместува во простор под нивото на кровната конструкција и бакарни цевки и споен материјал за нив кои допринесуваат за поврзување на колекторите со бојлерот.
Сонцето го грее секој ден колкеторот кој сме го поставиле на кровот под правилен агол, од каде највеќе може да апсорбира сончева енергија. Сончевите зраци поминуваат низ соларното стакло и доаѓаат до апсорберот кој е премачкан со TINOX селективен намаз. Под апсорберот со ултразвучно варење има бакарни или алуминиумски цевки. Апсорберот го впива сончевото зрачење и акумулираната топлина ја пренесува на цевките, односно ги загрева самите цевки. Низ цевките тече соларен флуид (пропилен гликол или еко антифрис), кој ја презема топлината од бакарните цевки. Движењето на флуидот низ системот го “помага” соларната пумпа. Циркулацијата во системот е брза и на тој начин акумулираната топлина многу брзо и во голем дел се префрла во изменувачот на бојлерот. Во целиот тој процес најважна улога има соларната диференцијална автоматика која ги собира и обработува податоците од температурните сензори и на најефикасен начин управува со работата на соларната група. Кога температурата во колекторот ќе падне под темпаратурата која се акумулира во бојлерот, соларната автоматика дава наредба за прекин на работата на пумпата.
Влезот на топлиот флуид во долниот измернувач на бојлерот ја загрева површината од спиралата и топлината се пренесува на водата во бојлерот. Водата полека почнува да се загрева и полека да се движи кон врвот на бојлерот и е спремна за употреба. Како овој систем го управува автоматиката? Кога водата ќе се загрее до саканата температура, која е зададена во софтверот на соларната автоматика, процесот на циркулирање на соларниот флуид од колекторите до бојлерот запира. Бојлерот е изорлиран со тврда полиуреатска пена која овозможува зачувување на топлата вода т.е. помали загуби на топлината. Во текот на ноќите и ладните денови водата која е загреана преку денот без проблем ќе стои во бојлерот се додека не се потроши.
На сликата од десната страна е прикажана циркулациона пумпна група од програмата на Giacomini. На доводот со ладна вода се врзува циркулационата пумпна група на која има врзано цел сет на вентили. Таа овозможува непречено циркулирање на водата и не дозволува бојлерот да остане без потребната вода.
На топлата вода која влегува во бојлерот пожелно е да поставите мешачки трокрак вентил, кој ја меша водата во некој прикладен интервал од 38 до 60 степени. Овој опсек на температура овозможува избегнување на опекотини при користењето на топлата вода. Користењето на топлата санитарна вода од бојлерот не е наменета само за миење раце и туширање. На соларниот бојлер можете да приклучите и машина за перење алишта и садови. Покрај сево ова мора да се напомене дека топлата вода од соларот можете да ја употребувате и за припремање на храна, бидејќи таа е целосно исправна за конзумирање исто како и водата од водоводната мрежа.
borce says
dali ovoj sistem moze da se prikljuci i za parno greenje i koja e cenata
Dario says
Почитувани,
Секако дека овој систем може да се врзе на парното греење, но ако мислите на тоа да допринесува нешто во греењето на домот тогаш нема да имате ефект, бидејќи овој систем е претежно направен за затоплување на санитарна вода. Инаку цените за овие ситеми можете да ги погледате на следниот линк http://www.termosistem.com.mk/promotivni-paketi-na-solarni-sistemi/
Со Почит,
Термо Систем