Во нашето секојдневие се повеќе сме сведоци на зголемено користење на обновливи извори на енергија. Дури и нивната примена во згради за разни намени, нуди многу поволности кои првенствено се однесуваат на намалување на употребата на фосилните горива, како и еколошкото значење на тие производи.
Подобрување на енергетската ефикасност најмногу се применува во објектите (зградите). Голем учинок во тоа има топлинската изолација преку примена на термоизолациони материјали, но и примената на уреди кои штедат енергија.
Во таа група уреди се вбројуваат топлинските пумпи кои се користат за ладење/греење на просторот. Зголемувањето на ефикасноста на системите за ладење/греење со топлинска пумпа се постигнува доколку таа е електрично напојувана од ФВ систем. Имено, при ладење(во летните месеци), дијаграмот на потрошувачка на електрична енергија може да се смета дека е во корелација со производството од фотоволтаичните (ФВ) системи, а при греење (во зимскиот период), ФВ систем делумно ќе служи за напојување на топлинската пумпа.
Во продолжение ги наведуваме најважните предности на топлинската пумпа кои го прават овој систем поволен и еколошки прифатлив.
– Единствено решение за греење, ладење и потрошувачка на топла вода
– Ниски инвестициски трошоци, во однос на други типови топлотни пумпи (геотермални)
– Висока искористеност на енергија и заштеда на трошоците за греење
– Мал простор за сместување на уредот
– Тивка работа, без емисија на издувни гасови
– Идеален за замена на постоечкиот систем на греење кој постигнува температура до 80 C°
– Нема директна емисија на СО2.
– Помала потрошувачка на енергија во споредба со котлите на гас, струја и цврсто гориво.
Најголема заштеда ќе имаме доколку потребната електрична енергија за работа на топлинската пумпа доаѓа директно од ФВ системите. Целата електрична енергија што ке се произведува, директно ќе се користи за топлинската пумпа и поради тоа нема да ни биде потребна батерија, а со самото тоа се заштедува во самиот почеток на инвестицијата. Најголеми резултати и заштеди овој систем се добиваат кога се користи панелно ладење/греење (подно, плафонско), бидејќи таквиот начин на греење или ладење работи на пониски теператури.
Просечните сметки за една грејна сезона можат да достигнат и до 800 евра по сезона за стамбен објект, но со топлинската пумпа ке имаме заштеда од 30-40%, доколку имаме подно греење. Бидејќи во овој случај зборуваме за топлинска пумпа која се снабдува со електрична енергија од ФВ ситем, заштедата би била уште поголема. Доколку за ладење би трошеле околу 200 евра по сезона и тоа ладење на само на еден дел од домот , со помош на топлинската пумпа би го ладеле целиот дом и би имале пониски сметки за струја. Зголемувањето на цената на енергијата резултира со пронаогање на нови решениа за нејзино добивање.
Континуираното исцрпување на изворите на енергија не доведуваат до користење на обновливи извори. Со инвестицијата на такви системи кои користат обновливи извори, ние ја заштитуваме земјата од штетните гасови но и заштедуваме дел од нашиот буџет.
Leave a Reply