
После сите поскапувања на енергенсите, многумина одлучиле да се греат или пак догреваат со помош на електрична енергија. Иако и цената на електричната енергија поскапува и тој тренд на многумина од нас е познат, секој има свои причини и убедувања за да користи електрична енергија во својот дом. Некои размислуваат како користењето на електрична енергија е наједноставно и не одзема време, а со добра организација и штедење може да се влијае на висината на месечните трошоци. Иако во претходните постови имаме детално напишано за начините на греење или догревање, денеска повеќе ќе обрнеме внимание на вистинскиот избор на систем за греење во различни ситуации.
Како да се грееме на струја доколку живееме во зграда и имаме централно-градско греење ?
Зимскиот период е време кога старите топлински инсталации по градовите попуштаат и доаѓа до хаварија на системот и со самото тоа и до исклучување. Се поставува прашањето што да се прави во вакви ситуации и како да ги загрееме нашите станови. Не постојат многу згради кај нас во кои може да се чуваат дрва за греење, и затоа единствена опција ни останува греење на струја.
Скоро секој стан има некоја греалка ,калорифер или кварцна печка. Со текот на времето се научивме да се подготвуваме за сите можни ситуации и тоа е навистина одлично. Меѓутоа ни останаа лошите навики за трошење на електрична енергија. Иако некогаш клима уредите беа луксуз за нас, денеска ги има во се повеќе станови, а климите се најефикасни за греење во нашите станови. На нашиот пазар постојат два вида на клима уреди и тоа :
* Конвенционална клима уреди
* Клима уреди со инвертер технологија
Тие се разликуваат по работата на компресорот, а ние најлесно може да ги разликуваме по цената. Оние со пониска цена се конвенционални, додека инвертер климите имаат повисока цена. Доколку имате конвеционални клими, може да се греете или догревате со нив доколку ги следите следниве правила :
* Не ги вклучувајте доколку тепературата надвор е пониска од -5°C ( ако се уклучува постои опасност од уништување или оштетување на компресорот)
* Поставете реална тепература – најоптимална е околу 24-25°C
* Редовно да се одржуваат или чистат филтрите
* Доколку климата ја уклучиме во текот на денот кога тепературата не е под -5°C, а во меѓувреме таа падне, тоа на климата нема да и смета и само почесто ќе преминува во режим на одледување .
Оној кој купил инвертер клима од продавачот сигурно добил објаснување дека со неа може без никаков проблем да се грее иако надвор тепературата е многу пониска од -5°C и заради тоа овој вид на клима уред е поскап ама се и поефикасен. Доколку имате каков било каков клима уред користете го него, а не калорифери или греалки.
Како да се грееме на струја доколку живееме во куќа ?
За оние кои живеат во куќа пожелно би било однапред да се одлучат какво греење ќе користат: дрва, јаглен, биомаса, природен гас или струја. Онаму каде е планиран простор за поставување на котел на дрва или палети, камин кој би оддавал топлина и воедно би го разубавувал просторот во вашиот дом е едно од можните решенија. Секако тука може да се спомнат и електричните конвектори кои како дополнителни грејни тела би го загревале саканиот простор. Често се случува во куќите да се загреваат одредини простории, греењето да сеуклучува и регулира по потреба. Вотој случај за такво брзо загревање и затоплување во краток период може да се употребат калорифери, конвектори и секако може и клима уреди.
Доколку го одбереме начинот на загревање кој е за нас најприфатлив и добро менаџираме со ресурсите со кои располагаме, ќе добиеме ефикасност и економичност во системот на греење.
Ziveam vo nas.Radisani imam stan od 55m2 I sakam da stavam podno greenje vo celiot stan I protecen bojler do 300l sakam da znam kakva e procedurata I kolku vreme Zima da se instalira I dali voopsto e izvodlivo da se namesti podno greenje vo mojot stan odnapred vi blagodaram.
Почитувани,
Во вашиот стан можете да поставите подно греење без никаков проблем меѓутоа 300 литри бојлер можеби ќе ви биде премногу голем за повеќе информации околу поставувањето и цените на производите имате на самата веб страницата во прозорецот со производи.
Со Почит,
Термо Систем