Греење со клима уред – инвертер

Во последниот период особено е многу популарно за греење да се користи клима уредот. Сигурно веднаш си помислувате дека никогаш не би можеле во студените зимски денови, да се загреете со него, зошто не би можеле да ја постигнат бараната температура. Но доколку размислите за инвертерот, тогаш сликата е многу поразлична, бидејќи режимот на работа оди од -15 до -18 C степени. Денеска ќе зборуваме зошто загревањето со помош на клима уреди е најекономичниот и најприменет начин за загревање во зимските денови.

Според едно истражување направено на територија на Р.Македонија, најекономичен начин на греење во текот на зимскиот период е греење со помош на клима уред. Греењето со помош на електрична енергија, поради сеуште делумно ниската цена за електрична енергија која се плаќа, дури и во споредба со греењето на дрва, е поекономично. Ова секако не важи за сите електрични грејни тела кои би можеле да се најдат на пазарoт, туку само за климатизерите.

Последниве години се повеќе луѓе се определуваат за греење со помош на климатизери. Тука треба да се нагласи дека само со клима уреди – инвертери, со сигурност може да го загреат просторот и кога надворешната тептература е под нула. Кај останатите клима уреди тоа зависи од техничката карактеристика, а во техничката документација за секој клима уред е нагласено колку киловати се трошат при режимот на греење.

За инвертер технологијата пишувавме во изминатите постови и таму напишавме дека тоа е напредна технологија, која ја контролира работата на компресорот, а со тоа заштедува електрична енергија. Во просек два климатизери – инвертори, со моќност од 3.5 KW, ќе потрошат се на се околу 24000 денари за целата грејна сезона, со сегашната цена на киловат час, и тоа ако едната работи 24 часа, а другата 12 часа. Овие два инвертори се доволни за загревање на еден просечен стан. Доколку одреден период не го загреваме нашиот дом, нормално дека цената ќе се намали, но во глобала општо земено за оптимална температура во нашиот дом, во текот на целиот греен период, потрошувачката би била таа.

Предноста на греењето со клима уред – инвертер, е таа што климатизерот дава многу повеќе топлина отколку што троши енергија, односно се многу енергетски ефикасни. Така да доколку сеуште го немате решено проблемот за грејната сезона, не е лошо како идеја, да ја размислите и оваа опција. Доколку сте нерешителни, и незнаете како да оберете клима уред кој би одговарал според вашите потреби, слободно пишете и со задоволство ќе ви излеземе во пресрет.

Comments

  1. Zdravo, planiram da se zagrevam so inverter klima pa ako mozete da mi preporacate kakva klima i do kolku kilovati bidejki se raboti za prostor od 100 kvadrati… Pozdrav

  2. Me интересира колку е долга внетрешната компонета и колкава е димензијата од влезните цевки од надворешната компоне кон внатрешната до крајот на внатрешната компонете.Ова ме интресира поради тоа што јас кога го реновирав станот оставив дупка од F 70 мм за влез на цевките од надворешната компонента кон внатрешната па би сакал да се вклопи во тоа што јас го направиф и клима уредот кој сакам да го купам од вас.
    pozdrav!!!!!!!!!!!!!

  3. Христијан says:

    Zdravo. Sakam da zagream povrsina od 40 kvadrati t.e. dnevna soba. Kakov klima inverter ured mi treba i kolku e cenata?

Остави коментар

*