Со разни испитувања научно е докажано дека удобноста и работниот ефект многу зависат од комфорните услови во кои луѓето престојуваат и работат, односно од квалитетот на воздухот во просторијата.
Со климатизацијата се обработува воздухот и се доведува до саканата состојба. Таа се карактеризира со следниве параметри: тепература, влажност, свеж воздух, чистота, промаја и други.
Климатизацијата исто така се применува и за обезбедување на соодветни услови за одвивање на разни технолошки процеси во некои индустриски области, производни погони, складишта и фарми за одгледување на добиток.
Препорачаната тепература и влажност за одлични работни услови зависат од тоа дали е летна или грејна сезона. Во летна сезона се препорачува тепература од 27°C и 50% влажност, а во грејната сезона тепература од 20°C и влажност од 50%. Оваа тепература е пропишана во некои европски земји. За едно лице потребно количество на свеж воздух е од 10 до 20 м3/h зависно од надворешната тепература на воздухот. Во САД овие норми се нешто повисоки за просториите во јавните објекти ( театри, кина, болници и други).
Според начинот на подготовка и дистрибуција на свежиот воздух постојат неколку изведби и тоа:
1. Централни воздушни системи,
2. Централни воздушни-водени системи и
3. Индивидуални и комерцијални клима уреди.
Централни воздушни системи за климатизација
Главна компонента на овој систем е клима комората во која се врши централната подготовка на воздухот. Таа зема свеж воздух од надвор и со помош на мешачката комора го меша повратниот воздух, потоа го филтрира, загрева (зимски период) или лади (летен период). Кога ќе заврши целиот тој процес со помош на вентилатор преку потисни канали се уфрла во просториите каде што е потребно. Овие системи најчесто се користат за големи простории.
Централни воздушни-водени системи
Овие системи покрај подготовката на воздухот во клима комората, вршат и дополнително загревање или ладење со помош на топлиноразменувачки тела кои се поставуваат во каналите за дистрибуција на воздухот. Тие можат да се изведуваат во различни варијанти: само за греење, само за ладење со или без клима комора. Постои можност потребите за свеж воздух делумно да се покриваат преку посебен вид на вентилаторски коневектори, природна вентилација и сл.
Индивидуални и комерцијални клима уреди
Овие клима уреди се ладилни во кои се остварува затворен термодинамички циклус со помош на посебен флуид под висок притисок.
Главни компоненти на клима уредот се: компресор, кондензатор, испарувач и придушен орган.
Според изведбата постојат повеќе типови на клима уреди ама главно тие се делат на:
Моноблок единици и Разделни (сплит) единици
Моноблок единиците се изведуваат како прозорски и како клима ормари за специјални намени.
Прозорските клима уреди се првите уреди кои се појавиле на пазарот и се најупотребуваните пред да се појават разделните уреди. Предноста на прозорските уреди е тоа што тие се едноставни за монтажа бидеки потребно им е само еден отвор во прозор или ѕид
Разделните единици уште се нарекуваат “split” кој се употребува и кај нас затоа овие уреди понатаму ке се именуваат само како сплит систем.
Тие се состојат од два дела и тоа: испарувач (внатрешен), и компресорско-кондензаторски агрегат (надворешен). Овие два дела се поврзани со помош на две бакарни цевки кои се топлински изолирани.
Предноста на сплит системите е тоа што тие се со мала бучавост и немаат вибрации бидеки компресорот е сместен надвор, исто така како предност се смета и тоа што на една надворешна единица може да се поврзат две внатрешни и на овој начин се намалува бројот на надворешни единици. Но, монтажата на еден сплит систем е многу посложена и се препорачува да биде изведена од страна на специјално обучено лице.
Без разлика на изборот на климатизација за саканиот простор, треба секогаш да се размислува за квалитетот на воздухот кој го дишеме додека работиме, во најголем дел од денот.
Leave a Reply