
Во период кога сите размислуваме за греење во нашите домови, веројатно е вистинско време да ве потсетиме и малку позборуваме за греењето со клима уред кое се почесто го среќаваме во станбените објекти.
Запознаени сме со клима уредите со инвертер технологија кои одлично го загреваат просторот и истите може да се користат како основно средство за греење во текот на зимата, како што претставуваат основно средство за ладење во текот на летото. Во минатите постови за клими со инвертер технологија, ве запознавме со карактеристиките, работата и предностите на овој ефикасен уред.
Денес би сакале да ве потсетиме на некои параметри кои треба да бидат исполнети за да може да се грееме со клима уред. Постои можност за еден клима уред да ги задоволи потребите за загревање , но треба да ги земеме во предвид следните работи:
* просторот и неговата големина
* уредувањето на просторот во објектот и природната средина
* изолацијата и поставените врати и прозорци
* финансиските можности
Кога разговараме за просторот кој треба да биде загреан со клима уред, не треба да се однесува на квадратурата (површината) на просторот како што знаме да кажеме 30-40м2, туку се однесува на волумен од метри кубни на целата просторија. Во тој момент ние би ја знаеле димензијата на целиот простор кој треба да се загрее и би можеле да одбереме соодветна моќност на клима уред.
Еден битен елемент е и самиот простор, а под тоа се подразбира поставеноста на ѕидовите и преградите, дали станува збор за цел отворен простор или има повеќе соби кои се одделни. Зависно овие информации и карактеристики ние би можеле да одбереме вистинско место за клима уредот кој би можел најефикасно да го загрева просторот.
Изолацијата која е решена уште при самата градба на објектот, во сегашниот момент е од големо значење за тоа колку клима уредот ефикасно ќе го загрева просоторт. Доколку има поголем број на прозорци тоа ја намалува можноста за греење со еден клима уред. Значајно како информација е и квалитетот на самите прозорци и врати.
Во оваа група на параметри кои ги објаснуваме се и финансиските можности за да се купи посакуваниот клима уред. Секогаш во процесот на донесување одлука или барање на клима уред кој ќе ги задоволи потребите треба да се консултираме со стручни лица. Тоа се лица кои имаат соодветно знаење и едукација и со чија помош ќе ги добиеме сите потребни информации за тоа колку е уредот ефикасен и економски исплатлив.
ПРВО-ПОЗДРАВ———МЕ ИНТЕРЕСИРА ЗА ТОПЛЕЊЕ НА ДНЕВНА СОБА ОД 28 м,квадратни——ПЛУС 3,ДЕТСКИ СОБИ——ЦЕЛИОТ СТАН Е СО ВКУПНА ПОВРШИНА ОД80м,квадратни,СО ТЕРМО ИЗОЛАЦИЈА ОД НАДВОР И СЕ НАОЃА НА ЈУГОЗАПАДНА СТРАНА НА ПРВИОТ КАТ ОД КОЛЕКТИВНА ЗГРАДА——МЕ ИНТЕРЕСИРА ДАЛИ КЛИМА УРЕДОТ МОРА ДА ПОСЕДУВА-ИНВЕРТЕР——-СТАНОТ Е ВО ОХРИД—-ОДНАПРЕД БЛАГОДАРАМ ЗА ОДГОВОР.
Почитувани,
Доколку ви е потребен клима уред за греење најдобар избор е инвертер, бидејќи само таков клима уред има вградена технологија во надворешната единица која може да работи без никаков проблем на температури од -15 степени целзиусови. За подетални информации околу потребната големина на клима уредот повелете во нашите простории во Карпош 4.
Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.
Со Почит,
Термо Систем