Колку е важна ЦИРКУЛАЦИОНАТА ГРУПА во соларниот систем?

Соларен пакетТоплите денови и сонцето кое конечно го дочекавме не потсетува на сите негови предности и можноста да поставиме соларен сет во нашиот дом. Без разлика на локацијата на која би поставиле соларен сет и независно изборот на видот на соларен сет, елементите од кои тој е составен се многу важни во ефикасноста на неговото функционирање.

Циркулационата група ја нарекуваат срцето на соларниот систем, бидејќи е еден од најважните елементи во поставувањето на одбраниот соларен сет. Нејзината функција ја прави неопходна за квалитетна работа и безбедност на соларниот систем. Оваа група изработена заедно со сите пропратни делови, е изолирана во сoодветна изолациона кутија која придонесува за ефективна топлинска изолација и добар изглед. Нејзините делови гарантираат највисока сигурност, додека нивната компактност обезбедува лесна монтажа и одржување.

Во циркулационата група се наоѓаат две славини, од кои едната се користи за полнење на соларниот систем со вода, а другата за празнење на истиот. Циркулационите групи можат да бидат во 2 вида: еднонасочни и двонасочни.cirkulaciona-grupa-1-150x150

Во продолжение со вас ќе споделиме некои карактеристики на двонасочната циркулациона група

– Оваа циркулациона група ја гарантира правилната работа на соларниот систем,
– Има димензии и компактност кои дозволуваат едноставна монтажа и одржување,
– Оваа специјална пумпа за соларни системи го прилагодува протокот на мешавината од вода и гликол, преку дигиталниот контролер,
Топчестите вентили кои се наоѓаат на долната и горната страна на пумпата, го одржуваат протокот и не дозволуваат празнење на системот,
– Мерачот на проток служи за мерење на количеството на топла вода во бојлерот и ја одржува саканата температура (во комбинација со дигиталниот контролер),
– Сигурносната група е составена од сигурносен вентил на врвот на групата, манометар кој го покажува притисокот и конекција за експанзијата,
– Нејзиниот максимален работен притисок е 10 bar,
– Максималната работна температура е 120°C повратна и 180°C доводна,
– Пумпмата има конекции од 3/4″, а нејзината тежина е 7.5 kg,
– Работните услови на сигурносниот вентил се 6 bar и 160°C

Елементите кои ги има во оваа соларна група се специјално изработени и наменети за работа при високи температури, работата во соларните системи. Двата топчести вентили на себе имаат термометри кои покажуваат која е висината на температурата на водата која влегува во циркулационата група и на водата која излегува од циркулационата група.

Сигурносната група заедно со диференцијалниот притисок ги спречуваат аномалиите кои можат да се појават во текот на работата на системот.

Comments

  1. ljupco jovcevski says:

    Blagodaram za dobrite napisi,koi od neodamna pocnav da gi dobivam.Tuka bi se zadrzal oodnosno bi postavil edno prasanje pa so ogled na vasata strucnost bi sakal da dobijam soodveten odgovor.Minata godina instalirav solaren sistem so 10+15 vakumski cevki.Normalno kompletna instalacija so kontroler i se kako sto odi.Solarniot sistem go instalirav vo s.Ljubanista kade imame kuka,no tamu odime povremeno.Vo
    ovie letni denovi temperaturata vo kolektorot znae da se kaci duri do 108 stepeni C.Vo bojlerot T=104 stepeni C.Dovodot na voda vo sistemot koga ne sme tamu e isklucen.Regulacijata na boljerot mie na 90 stepeni C.Prasanjeto mi e :Dali voopsto ima opasnost od pregrevanje na boljerot ili ostetuvanje?i kako preku nokta bi mozelo dase ladi boljerot preku mestenje na avtomatikata na diferencijalniot kontroler,vo nekoj vremenski termin koga antifrizot(fluidot vo kolektorot)eso poniska temperatura. Smetam deka ke dobijam soodveten odgovor,za kojn odnapred Vi blagodaram.

    • Почитувани,

      Одговорот ќе го добиете на меил, во интерес на заштедување на текс кој можеме да го користиме под самиот пост.

      Со Почит,
      Термо Систем

  2. imam kineski solaren bojler, pred nekolku dena se javi problem. na kontrolerot pokazuva 100%, no samo 20% polni. prochitav vo broshurata pishuva postapuvaj po crven kod no nikade ne pishuva koja e postapkata pa ako moze da mi kazete koja e ili kakov problem bi mozel da ima sistemot. fala

    • Почитувани,

      Во нашата програма немаме кинески солар и немаме искуство од неговото функционирање. За вашиот проблем најдобро ќе биде да се консултирате со некој мајстор кој ќе дојде на лице место и да утврди каков проблем конкретно ви се јавува во системот.

      Со Почит,
      Термо СИстем

Остави коментар

*