Колку клима уредот влијае на здравјето на луѓето?

shutterstock_66219364_modified-01Оваа сезона на летни горештини и високи температури, иако подоцна пристигна кај нас, почнуваме да ги чувствуваме оние претопли денови кои одложени, веројатно ќе потраат подолго време. Сега веќе сите си ги бараме своите начини за разладување, веројатно сме го поминале и сезонското чистење на нашиот клима уред за истиот ефикасно да си ја извршува својата работа. Сигурни сме дека повеќето од нас имаат голем број на информации поврзани со клима уредите, но понекогаш е добро да се потсетиме на оние работи кои се навистина важни за летната сезона.

Главна причина за лош квалитет на воздух ?

Главна причина за лош квалитет на воздухот во климатизираните простории е поради слабото, а понекогаш и избегнување на чистењето на клима уредите. Иако за редовното одржување на клима уредите имаме досега зборувано, се случува да се прескокне сезона за чистење на клима уредите и со тоа несвесно се намалува ефикасноста на работењето на клима уредите. Квалитетот на воздухот е најбитен фактор за луѓето кои престојуваат во некоја просторија, а тој директно зависи од квалитетот и чистотата на филтерот на внатрешната единица.

Кај сплит системот за домашна инсталација, нема размена на воздухот помеѓу надворешната и вантрешната единица, а тоа значи дека надворешниот воздух не му влијае на внатрешниот. За оној период кога клима уредот не работи, на филтерот се насобираат микроорганизми , бактерии и прашина. Во зависност од типот на филтерот, зависно дали во просторијата има или нема пушачи, понекогаш филтрите треба и на едена недела да се чистат.

Редовниот сервис вклучува целосно проверување на клима уредот, притисок, фреон, вентилатор, изолацијата и состојбата на цевките.

Полнењето со фреон на клима уредот  е исто така битен процес во одржување на ефикасноста на работата на клима уредот

Поврзувањето на клима уредот со здравјето на луѓето и стравувања од користењето 

Како резиме на сите претходно напишани влијанија на клима уредите на здравјето на луѓето, може да резимираме дека правилното користење и одржување на клима уредите, одржувањето на иста температура и влажност на воздухот, неизложување директно на дување на клима уредот  и сл. се работи кои треба да се практикуваат за да се заштитиме од сите несакани последици.

Остави коментар

*