Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.
Со зголемувањето на дневната температурата и на сончевите денови, така заинтерираноста за сончевите колектори се зголемува. Ние веќе пишувавме за придобивките, заштедата, целокупната инвестиција и многу други теми поврзани со спларните системи, но во ниту еден случај не го спомнавме одржувањето.
Денес нашето внимание ќе го посветиме на одржувањето на вакуумските колектори.
Околу одржувањето на сончевите колектори нема многу што да се зборува бидејќи колекторот сам по себе и не бара некое големо внимание, но сепак ќе ги наведеме основните работи на кои што би требало да обврнете внимание.
Чистење
Редовниот дожд треба да е доволен да се оддржуваат вакуумските цевки чисти, но ако се особено нечисти тие можат да се мијат со мека крпа и топла вода со сапуница или средство за чистење на стакло. Доколку колекторот не е лесно достапен и безбеден, млаз вода под притисок е исто така ефикасен.
Листови
За време на есента, листови можат да се нафатат помеѓу цевките. Отстранете ги листовите навремено за да овозможите оптимална работа на колекторот односно да може колекторот беспрекорно да ги апсорбира сончевите зраци и да спречите било каква можност за пожар.
Скршени цевки
Доколку дојде до кршење на цевките, треба да се заменат што е можно побрзо за да се овозможи максимална ефикасност на колекторот. Системот ќе продолжи да работи нормално иако има скршени цевки, но неговата ефективност ќе биде намалена зашто апсорберската површина е помала. При отсранувањето на скршеното стакло треба да се внимава за да се спречи можност од повреда.
Изолација
Инсталационите цевки кои се водат кон и од колекторот, потребно е да се добро изолирани за да не се губи непотребно топлина. Изолацијата која е поставена на овие цевки потребно е да се контролира повремено, за да се увиди да не е дојдено до некои оштетувања. Изолацијата која е изложена на сончево УВ зрачење потребно е да е стабилна на зрачење,или заштитена со алуминиумска фолија, во спротивно може да настане деградација на самата изолација.
Стагнација
За време на одмор или доколку не се користи соларниот систем на подолго време (>14 дена), препорачуваме користење на функцијата “Holliday” на контролерот, за да се спречи појава на стагнација или прегрејување на целиот систем.
[…] минатиот пост пишувавме за одржување на сончевите колектори, денеска нашето внимание ќе го насочиме кон мерки за […]