Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.
Во минатиот пост пишувавме за одржување на сончевите колектори, денеска нашето внимание ќе го насочиме кон мерки за претпазливост, односно на што би требало да обврнеме внимание за да системот ни работи беsпрекорно многу години.
Соларен систем за централно греење-заштита од прегревање
Ако системот е дизајниран да обезбеди придонес кон централното греење, тој систем често пати ќе обезбеди многу повеќе топлина во текот на летото отколку што е потребно само за санитарна топла вода. Во такви случаи, препорачливо е домот да има спа или базен кои ќе можат да ја користат топлата вода во летниот период или да се инсталира експанзионен сад. Доколку нема можност топлата вода да се да се искористи, ќе треба да се испушти определено количесто како не би дошло до прегрејување.
Метални компоненти
Задолжително е носење на ракавици кога се работи со компонентите на соларниот систем. Металните елементи се изработени на начин да бидат безбедни за ракување, но сепак постои опасност од остри ивици.
Вакуумски цевки
Внимавајте кога ракувате со вакуумските цевки, поради тоа што постои опасност од кршење доколку се испуштат или удрат. Секогаш носете заштитни ракавици кога ракувате со скршено стакло.
Високи температури
Со U-цевки инсталирани во вакуумските цевки, и при силно сонце, колекторот може да постигне температури кои надминуваат 200℃/250℃. При овие температури, допирањето на цевките може да резултира со сериозни изгореници, па затоа потребно е внимателно ракување со U-цевките како и со вакуумските цевки.
Во повеќето случаи кај соларните системи кога ќе еднаш ќе се инсталираат, многу ретко ќе доаѓате во потреба да му посветувате внимание. Но и за тие моменти, ние се потрудивме да бидете доволно информирани како не би дошло до некој дефект во системот или до некоја повреда.
За сите прашања поврзани со соларните системи, отворени сме за соработка.
Leave a Reply