Пролетните денови земаат се поголем замав, а со тоа условно кажано започнува и сезоната на соларните системи, бидејќи луѓето сакаат максимално да ги искористат сончевите денови од оваа година. Кога сме веќе кај соларните системи ние пишувавме за многу работи поврзани со нив, но не го наведовме правилното поставување и поврзувањето на соларните колектори.
Кога сме веќе кај поврзувањето на соларните колектори на еден со друг, кај нас постои мислење дека ако се поврзат помеѓу себе со поголема димензија на фитинг и цевки резултатот кој ќе го добиеме е подобар. Таа информација не е баш точна.
Во зависност од бројот на колекторите кои треба да се поврзат, постојат различни начини на поврзување. Најчесто, до 5 колектори се поврзуваат сериски, додека за повеќе од 5 колектори се поврзуваат во комбинација сериски/паралелно. Сега зборуваме за поголем простор кој би го зафатле колекориве. Треба да се внимава и на тоа. Доколку нема простор без разлика дали станувазбор за кров, фасада, двор и.т.н можат да се прават и други комбинации, но ваквото поставување би било најефикасно.
Напречниот пресек на цевките од соларниот систем се избира во зависност од тоа дали системот е проектиран да биде со висок или со низок волуменски проток.
Најчесто кај нас за домашна инсталација напречниот пресек изнесува околу 22 mm, без разлика за колку колектори станува зборо.
Соларните системи секако дека ќе функционираат, но исто така во зависос за колку колектори станува збор може да функционираат и со помала димензија на напречниот пресек на цевката. Ова како информација е добар податок бидејќи со самото инсталирање на соларниот систем со помали димензии на цевките и фитингот се доаѓа до значителна заштеда.
Во табели подолу се прикажани дијаметрите на цевките кои одговараат на бројот на колектори кој треба да се поврзе и волуменскиот проток. Доколку волуменскиот проток е висок, тогаш температурните разлики на влез и излез ќе имаат мала разлика, додека доколку волуменскиот проток е низок температурните разлики помеѓу влез и излез ќе имаат голема температурна разлика. Со избор на низок проток се смалуваат инвестиционите трошоци за системот.
Најдобар начин на одредување на волуменскиот проток е променливиот волуменски проток кој што може да се обезбеди со соларен контролер кој има можност да го менува протокот во зависност од соларното зрачење со помош на фреквентниот регулатор (го регулира бројот на вртежи на пумпата) кој е вграден.
Број на колектори | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 8 | 10 | 12 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бакарна цевка дијаметар на цевка (mm) | 15x1 | 18x1 | 18x1 | 22x1 | 22x1 | 28x1 | 28x1,5 | 28x1,5 |
Волуменски проток l/min | 2.5 | 4 | 5.2 | 6.5 | 7.8 | 10.4 | 13 | 15.5 |
Проток m/s | 0.4 - 0.7 |
Број на колектори | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 8 | 10 | 12 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бакарна цевка дијаметар на цевка (mm) | 15x1 | 18x1 | 18x1 | 18x1 | 22x1 | 22x1 | 22x1 | 22x1 |
Волуменски проток l/min | 2.5 | 3.4 | 4.25 | 5.1 | 6 | 6.8 | 7.6 | 8.5 |
Проток m/s | 0,4 - 0,7 |
Број на колектори | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 8 | 10 | 12 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бакарна цевка дијаметар на цевка (mm) | 12x1 | 12x1 | 12x1 | 15x1 | 18x1 | 18x1 | 22x1,5 | 22x1,5 |
Волуменски проток l/min | 1 | 1.6 | 2.2 | 2.7 | 3.3 | 4.3 | 5.4 | 6.5 |
Проток m/s | 0.2 - 0.4 |
Број на колектори | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 8 | 10 | 12 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бакарна цевка дијаметар на цевка (mm) | 12x1 | 12x1 | 12x1 | 12x1 | 12x1 | 15x1 | 15x1 | 18x1 |
Волуменски проток l/min | 1 | 1.44 | 1.77 | 2.1 | 2.5 | 2.8 | 3.2 | 3.6 |
Проток m/s | 0,2 - 0,4 |
Доколку веќе имате инсталирано соларен систем кој што е поврзан со поголема дмензија на цевките од прикажаниве во горенаведениве табели, не значи дека системот не ви работи правилно, туку дека сте можеле да заштедите малку на материјалот.
За сите прашања поврзани со темава отворени сме за соработка.
Leave a Reply