PPR – Инсталација на Giacogreen полипропиленски цевки и фитинг

GIACOGREEN цевките  и фитингот се особено погодни за извршување на дистрибуција на топла и ладна вода за санитарни потреби.

Техничките карактеристики  на материјалот од што се направини цевките и фитингот,  се најдоброто  решение  за  инсталации кои се наменети за питка вода, системи за прехранбени течности, системи за наводнување на градините, инсталации наменети за дистрибуција на компримиран воздух, системи за аспирација или вакуум и други водоводни потреби.

За полесна монтажа на полипропиленот во продолжение сликовито ке ги објасниме постапките.

1. Сечење на PPR цевките

 Se;ewe na  PPR цевки

Прво нешто на што треба да се обрне посебно внимание и да се направи е цевките да бидат исечени онака како што треба – прецизно.

Цвките мора да бидадат исечени прецизно, хоризонтално по нивната оска со помош на секач за полипропилен. Внимавајте сечењето да се изведе без некои агли кои подоцна би можеле да направат проблеми.

2. Чистење на цевката и фитингот

Чистење на PPR цевкиЧистење е потребно на деловите на цевката и фитингот кои ќе се спојуваат.

Со чистењето се избегнува внесување песок, прашина итн,  односно се избегнува лошиот квалитет при спојување. Внимавајте на краевите и можните струганици на сечениот крај доколку за сечење користите нешто друго наместо секач на полипропилен.

3. Подготовка на машната за спојување

Подготовка на мшина за спојување на PPRМестење на специјална машинка за спојување на  фитингот или цевките, наместена со главите кои одговараат со дијаметарот на цевката и фитингот кои ќе се спојуваат.

Претходно е потребно машината да се поврзе со електрична енергија и да се почека додека металните глави за спојување  не ја достигнат оптималната работна температура од ( 255-270оC). Со вклучување на зелената светилка која се наоѓа на уредот ќе знаеме дека потребната температура е постигната.

4. Обележување на цевката

Обележување на PPR цевкатаПред да започнеме со работата на машинката за спојување на фитингот или цевките мора да знаеме до каде ќе треба да биде проширен отворот на цевката во која ќе навлезе вториот споен елемент.

Така, со помош на молив или некое друго помагало за обележување ја обележуваме длабочината на цевката до каде сакаме да ја споиме, што сепак ќе зависи од должината на влезниот дел на вториот споен елемент.

5. Заварување на полипропиленот

Заварување на покипропиленотПотоа  го ставаме фитингот и цевката во загреаните глави за спојување.

Времето за заварување на полипропиленот зависи и од неговата големина, и оди право пропорционално нагоре (колку е поголем дијаметарот на полиптопиленот повеќе време е потребно за заварување), а се движи од 5 до 30 секунди.

6. Спојување

По процесот на заварување се земаат фитингот и цевката и се спојуваат веднаш.

Корекција може да се направи само во определено време, додека се спојуваат, по изминување на времето (секоја димензија има различно време за корекција односно се движи од 4 до 8 секунди) настапува период на ладење и корекци не може да се прават.

Инсталацијата на санитарните системи е многу лесна и брза, дури и за неискусните луѓе со што го прави GIACOGREEN широко прифатлив за сите.

Критериумот за квалитет на производството овозможува воведување на пазарот на високо сигурносни компоненти, во интерес на крајниот корисник. GIACOGREEN цевките  и фитингот ја имаат водечката улога во однос на квалитетот за тоа зборува и 10 годишната фабричка гаранција.

И секако, процесот кој што го опишавме во овој наслов можете да го видите и видеото кое го направивме во текот на презентација на саемот оваа година.

https://www.youtube.com/watch?v=tEgcr82zph4

Самите производи можете да ги разгледате во категоријата PPR цевки и фитинг. Додека каталогот можете да го симнете и од тука.

Остави коментар

*