Предности кои ви ги овозможуваат паметните циркулациони пумпи

WILO_Yonos-PICO-01Над 90% од циркулационите пумпи со воден мотор кои во моментов се на пазарот ќе се претворат во забранети метали. Тоа е така бидеќи Европската директива за еко-дизаин на продукти поврзани со енергопотребите ќе налагаат на се построги барања во рамките на енергецката ефикасност на пумпите со воден мотор. Овие пумпи повеќе нема да бидат дозволени за продажба и да се инсталираат стари и нерегуларни пумпи. Тоа е многу разумно решение, бидеќи новите пумпи трошат помалку енергија – до десет пати помалку од старите пумпи. Високата ефикасност која се постигнува со поставувањето на паметни циркулациони пумпи претставува начин да се оди напред.

Високата ефикасност е начинот да се оди напред

Благодарение на директивата ќе морат да се користат само високоефективни пумпи како што е високо-ефективната пумпа Wilo-Yonos PICO. Од тоа ќе добие не само животната средина туку и сопствениците на домовите, бидеќи ќе добиваат многу помали сметки за струја. Компаниите веќе имаат развиено нова технологија за производство на такви пумпи за сите области. Преминувањето кон новите ефикасни пумпи е многу перспективно и е одлична инвестиција и на краткорочен план.

Инсталација

Новата Wilo-yonus PICO се инсталира исклучително многу лесно благодарение на своите компактни димензии, како нов стандард на пумпа со висока ефикасност се вклопува во секоја инсталација. Таа има едноставно поврзување благодарение на Wilo-конектор. Новиот Wilo-Yonos PICO има паметно електрично поврзување. На други модели мора да се приклучува кабелот дирекно во прикличната кутија но со Wilo конекторот тоа е многу поедноставно. Прво се поврзува кабелот на патентираниот конектор а потоа во соодветната конекција на пумпата и сетоа тоа се прави многу брзо и едноставно без употреба на било каков алат. Wilo-Yonos PICO е сетирана во фабрика така што е наместена да работи на 2 m или 3 m, сето тоа ќе се прикаже при почетното пуштање на екранот а потоа и потрошувачката на електрична енергија.

Предности на оваа високоефективна пумпа се:

-Висока ефикасност благодарение на ЕСМ технологија
-Само 4w влезна сила
-Интегрирана заштита на моторот
-Флексибилно вградување
-Висок стартен вртежен момент
-Брзо приклучување во струја преку Wilo-ConnectorWiloYonosPico

Технички податоци:

-Тепературен интервал – 10C до + 95C
-Заштита IP X2 D
-Електрично поврзување со помош на Wilo конектор
-Максимален работен притисок од 6 бари

Со поставувањето на Wilo-Yonus PICO нема да погрешите бидеќи таа има многу бројни опции на регулација, пумпата значително помалку троши електрична енергија. Ова значи дека вложените пари многу брзо ќе ни бидат вратени во годините кои на следуваат.

Comments

  1. Раде Петровски says:

    Здраво.Моето име е Раде и сум од Кавадарци. Заинтересиран сум за пумпа за топла вода кај соларните колектори без притисок. Доколку имате би сакал да ми дадете понуда за истата, ако е можно и начин на инсталација и употреба.
    Благодарам.

    • Почитувани,

      На вас ќе ви биде потребна пумпа за зголемување на притисокот. Во програмата на Wilo постои таква пумпа меѓутоа таа не е наменета за солар и токому заради тоа нема да ви важи гаранцијата за истата, доколку сакате да ја купите пумпата повелете во нашиот продажен салон во Карпош 4.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*