Секој од нас размислува за што поефикасно решение за загревање и ладење на својот дом или деловен простор. Тука си го поставуваме прашањето дали воопшто постои такво решение? Секако дека постои такво решени, но тоа доаѓа со правилна инвестиција во самиот старт со вложување на средствата во високо квалитетни и уште поефикасни уреди кои се наменски направени за вистинско решение на климатизацијата во дадениот простор.
Наш предлог во овој пост е инвестиција во новата високо ефикасна и мошне квалитетна клима уред од програмата на јапонскиот бренд DAIKIN Inverter , модел Comfort FTX –JV/GV. Овој клима уред е високо енергетски-ефикасен уред кој е извонреден за индивидуално домување или комерцијални објекти. Овој клима уред има исклучителни перформанси и во исто време прифатлива цена.
Предности на DAIKIN Comfort клима уредот FTX –JV/GV
• врвна јапонска технологија произведен по највисоки Daikin стандарди до А++ енергетска класа.
• потврдена технологија која овозможува долготрајна и беспрекорна работа на температура од -15 до +46◦ C
• Економичен режим на работа- се намалува потрошувачката на енергија, така што други апарати кои се поголеми потрошувачи може да се употребат истовремено.
• врвна енергетска ефикасност
SCOP до 4,67
SEER до 5,63
• Сензор за присуство-доколку по 20 минути нема движење во просторијата, се вклучува економичен режим на работа. Заштедата на енергија е една од предностите на оваа единица. За време на “stand by” режимот на работа , потрошувачката се намалува од 10 W на 2W.
• инвертер технологија со којa се постигнува заштеда на енергија и пари
• COMFORT- режим на работа со кој се спречува топлиот/ладниот воздух дирекно да се насочува кон телото.
• единствен фотокаталитички филтер од титан апатит кој го прочистува воздухот,ја намалува влагата ги уништува бактериите и микроорганизмите и со тоа го подобрува квалитетот на воздухот во просторијата.
• можност за начин на работа со движење на ламелите
• исклучително тивок режим на работа во текот на денот , а скоро нечуен во текот на ноќта.
Во екот на летната сезона се поактуелно е набавката на клима уред за потребите за ладење на домовите или работниот простор. При изборот на клима уредот важна е цената, но многу битна работа е да се направи и добра термодинамичка пресметка на просторот од страна на професионални и стручни лица за таа работа. Ова е исклучително важно , бидејќи од добро димензионираниот клима уред и стручната монтажа, ќе зависи ефикасноста на истиот ,неговата работа како и неговиот век на траење.
Клима-уредите , денес се почесто се користат и за загревање на просториите , па за таа цел најдобар избор се инвертер клима уредите кои имаат подобри карактеристики од обичните клима уреди (on-off),
• Поголема енергетста ефикасност дури до 30%
• Можат да греат до надворешна температура од -15 ◦C
• Подолг век на експлoaтација
• Користење на еколошки фреони
• Пониско ниво на загадување со СО2
Доколку овој модел на Daikin ви се допадна доволно за да го посетите нашиот изложбен салон во Карпош 4, повелете кај нас каде би добиле конкретна понуда, можност за брза инсталација и комплетно решение за потребниот простор и саканиот комфор.
Leave a Reply