Што треба да знаете за радијаторите како грејни тела

radijatori

Пред секоја грејна сезона се размислуваме за постоечкото грејно решение или пак за поставување на нови и поефикасни грејни тела кои ќе ги задоволат нашите потреби во текот на целата зима. Токму во еден таков период на размислување е навистина важно да се знае за сите предности и карактеристики на радијаторското греење.

Радијаторите работат на начин што ја трансферираат топлината од водата во самиот радијатор, со помош на зрачење во просторот околу. Колку радијаторот има поголема допирна површина со воздухот, надвор и внатре, подобро се пренесува топлината. За да можеме да зборуваме за ефикасноста на радијаторското греење, треба да го објасниме вистинското значење на самиот збор “ефикасност”. Ефикасноста ја поврзуваме со работењето и произведувањето на ефикасен начин, со минимален трошок, отпадок и без непотребен напор.

Релевантните фактори кои треба да се разгледаат и земат во предвид кога се одбира радијатор се следните:

ГОЛЕМИНА И ПОВРШИНА
Површината на радијаторот всушност претставува просторот кој оддава топлина. Кога би зборувале за панелни радијатори, секој поголем метар должен значи поголем топлински капацитет.

СОДРЖИНА НА ВОДА
Теоријата е дека колку помало количество на вода содржи радијаторот, толку ќе треба и помалку време за истата да се загрее. Но загревањето на водата е директно врзана со типот на радијаторот и самиот материјал од кој е изработен.

ДИЗАЈН И МАТЕРИЈАЛ
Дизајнот на самиот радијатор влијае на максималниот излезна топлина. Материјалот од кој се изработени панелните радијатори, челикот, брзо се загрева и бзро се лади. Алуминиумските радијатори се направени од алуминиум, кој поспоро се загрева и лади.

ФИНАЛИЗИРАЊЕ
Последната фаза во изработката на радијаторите влијае врз излезната топлина на радијаторите. Повисоко ниво на емисија на топлина имаат радијаторите кои се премачкани, токму заради бојата со која се премачкуваат повеќе апсорбираат и ослободуваат топлина. Матираните површини имаат повисоко ниво на емисија од сјајните површини, додека хромираните радијатори кои се навистина одлични по изглед емитуваат за 20% помалку топлина во вашиот дом.

Локацијата на која треба да се постави радијаторот има директно влијание на изборот на соодветен радијатор. Најчесто радијаторите се поставуваат на најладните места, во близина на некој прозорец или надворешен ѕид. Секако, не ретко се случува да сме ограничени со просторот и да сеодбере радијатор кој би се вклопил во местото кое ни е на располагање.

Без разлика дали ќе се решите да одберете панелен или алуминиумски радијатор, важно е да се направи избор на големина на радијатор, согласно просторот кој треба да се загрее. Во изборот на панелните радијатори битни се ламелите кои се распространети во внатрешниот дел и доколку се распоредени низ целата внатрешност, радијаторот има поголема моќност. Кај алуминиумските радијатори важна е длабочината на реброто, која директно влијае на излезната топлинска моќ.

Comments

  1. “Материјалот од кој се изработени панелните радијатори, челикот, брзо се загрева и бзро се лади. Алуминиумските радијатори се направени од алуминиум, кој поспоро се загрева и лади.”
    Izvinete , ne mi e jasno,dali treba da se kaze obratnoto???!!!

    • Почитувани,

      Реченицата си е сосема на место од едноставна причина што панелните радијатори не се изработени од леано железо како што било случај порано, туку од најобичен челичен лим кој како таков многу брзо загрева, но за таа сметка и многу брзо се лади.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*