Секоја сезона пред нас носи предизвици и прашања кои треба внимателно да ги разгледаме, убаво да размислиме и донесеме најдобро решение за можностите на греење и ладење. Би рекле дека обврската како да избереме најприфатливо и најефикасно решение за домот е иста, кога одбираме уред кој треба да го разлади и уред кој треба да го затопли просторот.
Бидејќи пред нас се студени и зимски денови, би се задржале на едно од најздравите начини да се стоплите и да го загреете вашиот дом, ПОДНОТО ГРЕЕЊЕ.
Веројатно многумина би се сложиле дека подното греење е удобно греење, не не оптоварува со обврските на ложење и обезбедување на огревен материјал. Тука може да напоменеме и дека целиот простор кој го загреваме со подното греење подеднакво се загрева, не мора да размислуваме дали и кога ќе се стопли соседната соба, соседната просторија и сл.
Треба да се решите каков тип на греење да поставите, располагате со средства одвоени за таа намена и секако сакате да го направите вистинскиот избор, заради тоа во продолжение ќе ви наведеме дел од причините зошто токму подното греење да биде вашиот избор.
- удобноста на ова греење е секако неспоредлива со останите типови на греење, од причина што топлината ја чувствуваме од нозете, таа рамномерно се распоредува низ собата и сме ослободени од прав и бучава. Овој факт не може никако да се оспори и оние кои имаат поставено подно греење најдобро знаат за што станува збор.
- во поставување на подното греење се користи материјал, специјализирани црева со антиоксигенска бариера и се додаваат адитиви кои помагаат да функционира беспрекорно и ефикасно. Овие специјализирани црева за подно спречуваат вовлекување на воздух во внатрешноста и појава на бигор кој би ја намалил ефикасноста во греењето.
- со поставување мерно-регулационен уред, термостат, топлината во просториите може да се регулира и имаме опција да одбираме каде и колку сакаме рамномерно да го загрееме просторот.
- стиропорот кој се поставува во подното греење претсавува топлинско изолациски материјал, специјално изработен соголема густина и отпорност на притисок, висока температура, свиткување и затегање. Стиропор се поставува во делот на подот и не дозволува топлината да поминува во плочата,туку ја насочува кон просторијата.
- во поставувањето на подното греење, олеснително е тоа што од програмата на Giacomini се користат модуларни колектори, кои претставуваат специјално изработени модули, кои поединечно се монтираат и преку нив може да се регулира топлината во секоја просторија. Таква регулација може да се постигне со помош на модулите со регулација на проток.
Подното греење со сите негови карактеристики на удобно и здраво греење, едноставно и лесно за користење со рамномерно распределување на топлината, без дополнително размислување за поставување на грејни тела е навистина одлично решение за вашиот дом.
Leave a Reply