Вистинско време да поставите КАМИН НА ПЕЛЕТ во вашиот дом

http://www.termosistem.com.mk/products-page/kotli-peleti/Значењето на каминот на пелети многу се промени во изминатите години и од обична метална комора прерасна во високотехнолошки систем за греење со прекрасен дизајн. Во денешно време камините на пелети може да ги управуваме со помош на далечинско, а голем број од нив имаат вградено сигурносна регулација со помош на термостат. Камините и котлите на пелет го согоруваат пелетот во целост и речиси да не оставаат никаков отпаден материјал, со исклучок на тенкиот слој прашина, што значително го олеснува нивното одржување и чистење.

Пелетот е чист, еколошки, лесен за употреба, ефикасен и економичен при користење како гориво за греење. Пелетите припаѓаат на групата обновливите алтернативни извори на гориво кои се изработуваат од остатоци од дрво, се сушат и компресираат,  во цилиндри со различна големина и должина. Овој енергетски ефикасен енергенс претставува чист и органски извор на енергија, кој лесно се произведува и има стабилна и независна цена во споредба со другите реагенси. Во голем број на европски земји купувањето и инсталацијата на пелетот се субвенционира и претставува безбедно локално гориво.

Печките на дрва работата ја потпираат на притисокот на оџакот и бараат изграден вертикален вентилациски систем за исфрлање на гасовите. За разлика од печките, камините на пелети се опремени со механизам кој не им дозволува на гасовите кои се исфрлаат да се вратат назад во внатрешните простории. Поради специфичната вентилација, камините на пелети не бараат изведба на оџак и можат да се монтираат во простории кои немаат изведено оџак. Исфрлањето на гасовите може да биде вертикално и хоризонтално, преку некој отвор на ѕидовите од просторијата.

За разлика од печките на јаглен и дрва, на кои надворешните делови им се премногу топли и при несакан допир можат да предизвикаaт изгореници, повеќето камини на пелети се изработени од леано железо и челични прегради кои ја спроведуваат топлината кон задниот и горниот дел на ложиштето, а вградениот вентилатор се грижи за циркулацијата на топлиот воздух кон просторијата, па на тој начин надворешната површина од каминот останува многу малку топла и пријатна на допир.

За ваша поголема удобност камините на пелети се опремени со интелигентен контролер кој овозможува лесно и прецизно подесување на саканите процеси, како и користење на далечински управувач. Оперативните функции на контролерот се: подесување на саканата температура, одложен старт, неделни и викенд програми.

Comments

  1. Zdravo imam parno na struja so kotel na struja koja e postapkata da go promenam so peleti odnosno uste koi delovi treba da gi dokupam i kolku kostaat za prostoria od 80 ,kvadrati odnapred vi blagodaram…

    • Почитувани,

      Доколку имате веќе постоечко греење, за да се префрлите од струја на пелети треба само да направите замена на електричниот котел со котел или камин на пелет се друго останува исто. Само треба да земете во предвид дека за каминот на пелет ќе ви треба повеќе простор.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*