Запознајте го најштедливиот котел на пазарот на ЕУ: Bosch тропромаен трајножаречки котел

Kotel na drvaСакате минимална потрошувачка на јаглен или пак дрва и постојана температура во вашиот дом помеѓу две ложења? Во потрага сте по котел кој малку ќе троши, многу ќе загрева и ќе го користите долго.

Основните четири работи кои треба да ги знаете при набавката на котел за греење: колкава потрошувачка на гориво има (без оглед на каков вид), каква регулација на температура има, од кои материјали е изработен котелот и дали има дополнителна опрема која е неопходна да се купи за котелот (а не спаѓа во неговата цена).

Она што особено треба да се нагласи е дека тропромајните челични котли од програмата на Bosh Solid 2000 B се вбројуваат во високата класа на котли на цврсто гориво. Станува збор за котел  чии што карактеристики се минимална потрошувачка на гориво и максимален степен на корист во својата класа. Котелот е составен од три вертикални промаи, создадени по најнова технологија за максимално искористување на топлиот воздух. Значи топлиот воздух што се создава при согорување на цврстото гориво поминува низ три преградени делови (промаи) внатре во котелот, пред да излезе преку оџакот. Со тоа се зголемува искристеноста на топлината што се јавува при согорувањето. Кај другите котли на дрва топлиот воздух поминува краток пат пред да влезе во оџакот, што води кон тоа да се става уште огревен материјал за да се добие истиот резултат.

Клучот на малата потрошувачка се крие во трајножаречкиот принцип на работа. Имено, на решетката каде што согорува горивото (дрво, јаглен, брикети) се обезбедува рамномерно и постепено согорување, обезбедувајќи стабилна температура помеѓу две ложења.

Специјалната конструкција на Bosh Solid 2000 B и соодветно сетирање на регулаторот за промаја овозможува задржување на огинот во тек на целата ноќ, и до 10 часа.

Регулаторот на провев во котелот е од исклучително значење и со него се врши регулирање на дотокот на воздух во котелот, односно со него се регулира висината на пламенот.

Искористеноста на котелот е многу важен елемент. Bosh котлите на цврто гориво имаат до 30 % поголема искористеност за разлика од другите котли. Тоа значи дека доколку едно домаќинство за грејната сезона трошело 10 m3 огревен материјал, сега ке троши 7 m3, разлика која што не е за потценување.

Bosh Solid 2000 B е изработен од трајно валан специјален котловски лим од 4мм, кој помеѓу слоевите е изолиран со специјален материјал и целата топлина ја насочува кон грејните тела кои се наоѓаат во вашиот дом.

Bosch грејна техника е европски лидер во производство на грејна опрема, најголем европски производител во класата котли со мала и голема моќност, соларни колектори и друга грејна опрема. Со своето 120 годишно искуство, Bosch преставува синоним за иновативни решенија, економичност и квалитет.

 

Comments

  1. Pocituvani,
    Imam kotel tip ABC dominant 40kw. Na tvrdo gorivo /drva/ pa bi sakal da go promenam I DA postavam Nov kotel na drva .Dali noviot Bosh kotel e idealno resenie
    Za mene. Ve molam dokolku imate nekoj prospekt za nego ,tehnicki karakteristiki,upatstvo za montaza idr.
    DA mi ispratite na email.

    Vi blagodaram,

    Pozdrav

    • Почитувани,

      Во врска со вашето барање ќе ни требаат дополнителни информации и комуникација така да ќе бидеме во контакт на меил.

      Со Почит,
      Термо Систем

  2. koja cena e ovoj kotel? fala

Остави коментар

*