Нашироко во светот Willo преставува синоним со традиција на првокласен Германски инженеринг. Willo пумпите и пумпните системи за греење, ладење , климатизација, водоснабдување и отстранување на отпадна вода своја примена наоѓаат во илјадници комерцијални објекти, комунални системи, индустрии како и приватни домови. Во меѓусебна корелација со корисниците, продажната програма на Willo постојано се развива и подобрува, што преставува основа за решенија, насочени кон посебните потреби на потрошувачите, ширум светот.
Погледнете ја одблиску пумпата со воден ротор, модел: Wilo- Star-RS
Примена: Сите видови системи за топловодно греење, индустриски циркулациони системи, системи за ладна вода и климатизација.
Изведба: Циркулационата пумпа со воден ротор, со навојна врска и рачен избор на брзината за прилагодување на моќноста.
Проток Q max= 3,5 м3/h
Напор H max= 5,5 м
Технички податоци :
• Дозволен температурен опсег -10°C до +110°C;
• Електрично напојување 1~230V, 50 Hz
• Максимален работен притисок 10 bar.
Опрема / Функција :
• 3 Брзински степени за рачно бирање
• Место за клуч на куќиштето на пумпата
• Мотор заштитен од струја на блокирање, не е потребна заштита на моторот
• Двострано воведување на кабел, за наједноставна монтажа
• Електрични приклучоци со пружина за брзо и еднострано приклучување
• RSD како двојна пумпа
• RSL со приклучок за уред за брзо обезвоздушување.
Карактеристики:
• Погодни за сите монтажни положби со хоризонтално вратило, приклучна кутија во положба 3-6-9-12 часот,
• 3 брзински степени за прилагодување на оптоварувањето.
Компетентност на производите
Пумпите и пумпните системи од Willo освојувале и ќе освојуваат со својот висок квалитет и врвна технологија. Неретко се случувало, индивидуалните барања на клиентите и актуелниот развој на пазарот, да бидат иновативен поттик за многу успешно развивање на производите кои потоа влегле во сериско производство: на пр. Willo- Stratos, првата високо фрекфрентна пумпа во светот, за греење, ладење, климатизација или Willo- Multivert MVIS , првата пумпа во светот со воден ротор за зголемување на притисок. Голем успех се и Willo- EMU пумпи со уникатно Ceram – обложување, чија што примена имаат во многу проекти за стопанисување со отпадна вода.
Willo ширум светот
Корпоративната историја на Wilo започнува во далечната 1872 година, во Дортмунд. Од тогаш па се до денес Wilo е лидер во својот домен. Движејќи се во чекор со времето, пресретнувајќи ги барањата и потребите на потрошувачите, Wilo е секогаш еден чекор понапред, споредено со останатите компаниите.
Големиот број на вработени, повеќе од 7.000 лица и повеќе од 60 подружници ширум светот се еден мал сегмент во успешната приказна за Wilo.
Повеќе:
Leave a Reply