Циркулационата група го претставува срцето на соларниот систем. Секој можен дел од неа е произведен да гарантира највисока сигурност, а неговите компактни димензии придонесуваат за лесно монтирање и лесно одржување. За да се обезбеди квалитетна работа и безбедноста на соларниот систем, циркулациона соларна група е неопходна.
Циркулационата група со сите нејзини делови е поставена во изолациона кутија која придонесува за топлинска изолација и добар изглед. Ва неа се наоѓаат две славини, од кои што едната служи за полнење на соларниот систем со вода, а другата служи за празнење. Циркулационите соларни групи се достапни во вид на еднонасочни и двонасочни. Дво-насочната циркулациона група гарантира правилната работа на соларниот систем, а нејзините димензии и компактноста придонесуваат за нејзино лесно монтирање. Специјалната пумпа наменета за соларните системи, го прилагодува протокот на мешавината од вода и гликол, преку дигиталниот соларен контролер, а топчестите вентили кои што се наоѓаат на долната и горната страна на циркуларната група овозможуваат одржување на протокот без да се испразни системот. Мерачот на проток мери колкаво е количество на топла вода во бојлерот, и во комбинација со дигиталниот контролер ја одржуваат саканата температура. Сигурносната група е составена од сигурносен вентил кој се наоѓа на врвот на групата, манометар кој покажува колкав е притисокот и конекција за експанзијата.
Сите елементи од кои е составена циркулационата група се дизајнирани и направени да функционираат на повисоки температури.
Кога веќе ги појаснивме карактеристиките и функцијата на циркулационата група, ќе посветиме внимание и на Дигиталниот соларен контролер кој исто така е битен елемент на соларниот систем.
Прилагодувањето, контролата и мониторингот на целиот систем има фундаментално значење за еден соларен системи. Токму тие функции се дел од работата на Соларниот контролер кој има улога да придонесе до ефикасно и ефективно работење на целиот соларане систем. Не е потребно само за да се утврди кога е најпогодно време за пренос на топлинска енергија од колекторот на серија уреди за акумулација на топлината, туку и да се оцени текот на функционирањето на системот , веднаш да се добие известување за евентуални недостатоци. За овие функции, можат да се најдат најразлични верзии на соларни контролери кои можат да бидат составен дел од циркулационата група или пак да бидат посебно испорачувани.
За да започне еден соларен систем со работа мора да има дигитален соларен контролер, затоа што преку него се стартува целокупната работа на системот. Составен дел од соларниот контролер се три сонди. Едната сонда се врзува на соларниот колектор, додека другите две се врзуваат на горната и долната точка на бојлерот. Со помош на сондите дигиталниот контролер ги добива потребните информации и ги обработува податоците, за да подоцна според нив дава команда на пумпата кога да работи.
Инаку контролерот со опциите кои ги поседува го заштитува системот од прегревање, со тоа што по претходно добиените податоци тој ја контролираат работата на пумпата преку која може да се лади или загрева системот. Доколку во системот се појави некое преоптоварување или била каква неправилна работа контолерот тоа ќе го регистира и потоа автоматски го прикажува на дисплејот. Исото важи и за зимските денови, со помош на контролерот системот се заштитува од евентуално замрзнување. Преку него може да се посети бараната температура на водата и тој таа температура ја одржува константно.
Циркулационата група е најсигурното решение за вашиот соларен систем, која заедно со диференцијалот ги спречува аномалиите кои би можеле да се појават во текот на работата и овозможува системот беспрекорно да функционира.
Leave a Reply