Зошто да поставите подно греење во домот?

Giacomini crevo za podno i stiroporМодерното подно греење со поставување на топловодни цевки шират една удобна и комфорна топлина и сигурно е многу поефикасна во спречување на алергиите кои се јавуваат од куќната прашина.

Здрава клима во просториите на домот.

Со поставување на подно греење се намалува предизвикувањето на алергии од куќната прашина и габите, кои се јавуваат како составен елемент во секој дом за живеење. Просториите кои се загреваат со помош на подно греење во пракса покажале дека се причинители на многу помалку алергиски инфекции во однос на било кои други начини на греење. Подното греење има уште еден позитивен здравствен аспект, идеална поделба на температурата во просторот. Со помош на подното греење најпрво се загрева подот, па потоа топлината оди нагоре и врз основа на ова може да се надоврзе една стара докторска поговорка: “Држи ја главата ладна, а нозете топли, тоа те прави најевтин доктор”.
Топлите нозе се најдобриот начин за спречување на настинка и преладување. Ова може да го постигнете со едноставно поставување на подно греење. Поранешните тврдења дека подното греење создавало проблеми со вените на нозете, веќе одамна е минато. Испитувањата во Франција и Германија покажале дека кај правилно пресметано и поставено подно греење често е дури случај на контра ефект. Луѓе кои имале проблеми со вените, чувствуваат подобрување дури и намалување на нивните проблеми.

Подното греење е идеално за деца.

Температурата на површината на подот при поставено подно греење во просек изнесува 22 – 25 °C. Тоа дава едно рамномерно и нежно оддавање на топлина, што овозможува рамномерно распределување на топлината и минимално движење на воздухот. Температурата е идеална за движење, за седење или лежње на подот. Од тука се гледа дека децата имаат повеќе слобода при играњето на подот. Тие можат едноставно да лежат на подот гледајќи телевизија или читајќи. Тука нема агли, рабови или вдлабнатини каде што децата може да си ја повредат главата или екстремитетите.

Добро регулирана топлина.

Кај подното греење со топловодни цевки произведено од познати марки, регулирањето на топлината е основа за комфор во домот. Регулацијата зависи од надворешната температура на воздухот, која добива влијание во затворениот простор , во зависност од намената на просторијата, како би се искористил правилно изворот на енергија. Како пример може да се наведе: присутноста на луѓе во една просторија, осветлување и други електрични апарати кои оддаваат топлина во просторот, соседни простории кои се загреваат или не се загреваат итн. Веќе години наназад регулацијата на топлината во просторот е овозможена со помош на механичко саморегулирање, се со цел постигнување на саканата температура. Меѓутоа како оди напред производството на нови апарати за регулација на топлината, производителите за опрема за греење овозможуваат максимална автоматизација при постигнувањето на идеалната температура во домот, што значително ни ја олеснува главоболката за перфектна регулација на топлината и заштедување на драгоцено време.Подно греење - инсталација

Цена.

При купување на материјал за поставување на подно греење, почетната инвестицијата секогаш е поголема . Ефектите од поставувањето на подното греење се чуствуваат во годините што следат, бидејќи со подното греење ќе добиете максимално комфорна топлина. Заштедата во годините кои следат ќе биде изразена во тоа што за постигнување на саканата температура со подното греење треба многу помалку да трошите на загревање на водата која циркулура низ цевките, бидејќи за постигнување на идеална температура е потребна многу пониска температура на водата во однос на било кое друго греење. Ова покрај тоа што ќе биде најевтино греење, ќе ви даде дополнително придонесува како за вас така и за околината, со тоа што претставува еколошки најефикасно греење.
Заради ниската температура на водата која се употребува со подното греење, значително се намалуваат торшоците за потребна енергија за загревање, отколку што е потребно за високотемпературните радијатори. Уште поефективно и поштедливо работи подното греење доколку се комбинира со кондезациски техники.
Ниската температура на повратната вода од користењето на подното греење овозможува низ целата година кондензациска работа внатре во кондензацискиот котел, што допринесува до оптимално искористување на енергијата. Подното греење намерно има ниски дополнитени тошоци и со самото тоа се насочуваат кон иднината и заштедата во годините кои следат.
Заради потребата на ниска температура на водата при загревање, подното греење не е зависно од фосилните енергенси како што се нафтата и плинот. Тоа може да биде поврзано и на обновлива енергија како на пример со поврзување на соларни колектори во комбинација со поставување на топлински пумпи. Перфектното и правилно планирање на подното греење е многу важно. Исто така треба да се применуваат само ипроверени и квалитетни состави на подно греење.

Comments

  1. Mladen Joleski says:

    Ve molam za edna informacija, dali pod laminat moze da se postavi podno greenje.

    • Почитувани,

      Под ламинат може да се постави подно греење, меѓутоа во продавниците треба да има и посебен ламинат кој е наменет за подно греење кој во целост ќе ја пропушшта топлината од подот.

      Со Почит,
      Термо Систем

  2. Ve molam dali moze da mi kazete kolku ke me kosta 40m2 povrsina podno greenje i dali moze da dobijam tel za kontekt.Vi blagodaram Elena

    • Почитувани,

      Доколку сакате да добиете конкретна понуда треба да ни испратите спецификација или скица од станот на нашиот меил, во спротивно вака без никакви податоци неможеме да ви дадеме одговор.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*