Зошто геотермалните пумпи се толку многу ефикасни?

geotermalnaСрцето на еден типичен геотермалниот систем е земјата- извор на топлински пумпи каде циркулира вода во подземниот цевковод. Водата во цевките низ овој процес ја користи температурата на почвата за да се загрее или излади (зависно потребите). Топлинските пумпи се поставуваат во внатрешноста, како и каминот/печката и нејзините предности ги чувствуваме за кратко време.

Додека оваа опрема може да звучи егзотично, нејзината работа е прилично лесно да се разбере кога ќе се спореди со онаа на конвенционалните воздух-воздух топлински пумпи. Конвенционалната топлинска пумпа со едноставни зборови, претставува централна клима каде се  јавува проток на нејзините ладење. Компресорот се наоѓа надвор од домот , во режимот на грееење може да се дојде до топлина присутна во ладен и надворешен воздух, доставена до затворен простор. За разлика од конвенционалните печки, топлинските пумпи не треба да создадат топлина, туку само раководат и заштедуваат со постоечката топлина.

 Доколку температурата се симне под 10 степени, тогаш премалку топлина е присутна во воздухот и мора да постои уште едно грејно тело за да ја надомести разликата, додека во повеќе случаи да го превземе загревањето целосно. Дури и во рамките на ефективен работен опсег на топлинската пумпа, нејзината ефикасност е директно поврзана со собната температура. Колку поладно станува, толку помалку топлина имаме на располагање и се намалува ефикасноста на системот. Спротивно на тоа, геотермалните топлински пумпи, користат постабилен извор на топлина.

Принципот на работата на геотермалната пумпа е речиси исто добра како и оној на работа на климатизацијата. Наместо компресорот да работи на отворено и да користи топол воздух, оваа пумпа има затворен систем на работа (користејќи ја земјата како извор и секако нејзината температура како појдовна точка). Резултатот на нејзината работа е 20-40% повеќе заштеда во однос на конвенционалните пумпи и клими.

Друга голема разлика меѓу стандардните топлински пумпи и геотермалните е тоа што земјата е како модел инсталиран во затворен простор. Овие системи се тивки во нивната работа, за разлика од останатите пумпи нивниот компресор користи вода, а не воздух во неговата работа. Тие имаат тивка циркулациона пумпа и компресоср кој работи под понизок притисок, двата сместени во изолиран простор кабинет) – со големина колку машина за перење алишта.

Постои разлика исто така и во однос на нивната работа врз животната средина. Перките на компресорот на отворените единици се изложени на штети и фенот може да предизвика нечистотии и остатоци во воздухот и да го намали протокот на воздухот. Дополнително намалување на ефикасноста може да се предизвика со корозијата на компресосорт. Затворената единица е обезбедена од сите овие проблеми и покажува голема истрајност и ефикасност.

Повеќе:

Енергетска ефикасност при греење и ладење со топлинска пумпа.

Дали знаете како функционира една топлинска пумпа?

Изградба на енергетски ефикасен дом.

Остави коментар

*