Во Термо Систем во тек е Соларна АКЦИЈА, која трае веќе неколку дена.
Искористете ја соларната акцијата и имајте можност да:
ЗАШТЕДИТЕ СО 10 % ПОПУСТ НА СИТЕ СОЛАРНИ СЕТОВИ!
Плаќање на 24 рати со редовна цена без попуст.
Соларните сетови можете да ги изберете тука:
Соларните системи поради можноста за производство на санитарна топла вода и големиот степен на енергетска ефикасност стануваат примамливи за секој од нас.
Во текот на летните и пролетните денови, каде соларните панели ги апсорбираат сончевите зраци, водата која ја загреваат е доволна за вршење на секојдневните обврски и задачи. Тоа значи дека во поголем број на месеци во годината, во домовите каде се користат соларните панели, нема потреба од користење на електрична енергија која дополнително би ја загревала водата.
Кога зборуваме за соларната енергија, зборуваме за следново:
– Бенефитите од користење на соларната енергија за добивање на топла вода
– Како соларниот систем работи?
– Трошоци, заштеда и заработувачка
– Дали токму тој соларен систем е вистинскиот избор за вашиот дом?
1. Бенефити од користење на соларната енергија
– топла вода во текот на целата година
– користење на извор кој е бесплатен за секој од нас
– намалување на сметките
– намалено присуство на јаглерод
– пратење на светскиот тренд во користење на топла вода
2. Како соларниот систем работи?
До сега во голем број од постовите сме пишувале за составните елементи на соларниот систем, начинот на кој истиот функционира, како да се димензионира и постави соларниот систем и колку е навистина важно да се користат квалитетни и соодветни материјали.
3. Трошоци, заштеда и заработувачка
Соларни сетови овозможуваат квалитетно и сигурно искористување на еден од најголемите извори на енергија кој воедно е и бесплатен – Сонцето. Согласно пресеметките од министерството за економија на Република Македонија.
Со користење на соларните системи aнализите покажуваат дека едно семејство со вграден сончев колектор може да заштеди 2.400 KWh електрична енергија на годишно ниво, односно околу 13.000 денари. Во зависност од цената на целокупната инвестиција, повраток на средствата е во период од околу 5 години.
4. Дали соларниот систем е вашиот вистински избор?
За да може ова прашање ние најдобро самите на себе да си го одговориме, може да ги разгледаме следните нешта:
– Дали имаме и дали сме го искористиле местото со најмногу сонце, за поставување на сончевиот колектор?
– Колкав простор на располагање имаме за поставување на бојлери или бафери?
Leave a Reply